Летниот распуст заврши, а сега е време за враќање на училиште. Ова е и одличен период децата да воспостават рутина на здрава исхрана и редовен внес на витамини и минерали, кои се многу важни за секојдневните активности: учење, концентрација, а со тоа и добри оценки.
Истражувањата покажуваат дека децата на кои им е здодевно на час, што се немирни, не внимаваат или имаат слаба меморија, се најчесто оние кои имаат лоши навики за исхрана. Но, во моментот кога ќе се избере здрава храна и ќе се внесат дополнително потребните витамини и минерали, перформансите на децата се подобруваат.
Мултивитамол сирупот со формула Л 6+ на Д-р Тајс е мултивитамински препарат со лизин и лецитин, кој е наменет за подобрување на работната способност и концентрацијата. Тој идеално ги надополнува дневните потреби за витамини, а особено е прилагоден за децата во школска возраст.