Dr. Theiss Мултивитамол Л-формула сируп | Натусана

Фармацевтските производи со врвен квалитет направени од строго селектирани природни состојки. 

Сируп

Dr. Theiss Мултивитамол Л-формула сируп

330ден

Децата и адолесцентите не размислуваат дали храната која секојдневно ја внесуваат е здрава и богата со витамини. Важно им е само да е вкусна и модерна како на пример “брза храна”.

Последиците од ваква неизбалансирана исхрана доаѓаат брзо. Затоа родителите можат навреме да превземат мерки внесувајќи во менито на своите деца храна богата со витамини, минерали и

балансни материи. Доколку имате потреба за избалансирана комбинација на витамини во случај на состојби на зголемена нутритивна потреба кај мали деца, училишни деца или кај возрасни (за време на периоди на закрепнување, периоди на интензивен раст или периоди на потреба од подобрување на апетитот), можете да употребите од препаратите од Мултивитамол линијата на Dr. Theiss. Д-р Тајс Мултивитамол препаратите содржат внимателно одбрана комбинација на витамини, прилагодена на возраста за која се наменети.

-+

Product Info Tabs

Опис

Ве молиме да се придржувате до препорачаната дневна доза. Додатокот на исхрана не е надоместок или замена за избалансирана исхрана.

Д-р Тајс Мултивитамол 6+ сируп, формула Л 200 ml

– избалансирана комбинација на 9 витамини, лизин и соја лецитин,

– формула за состојби на зголемена нутритивна потреба на училишни деца,

– пријатен вкус на праска,

– витамините А, Б6, Д и Ц придонесуваат за нормална функција на имуниот систем,

– пантотенската киселина придонесува за нормална ментална способност, нормален енергетски метаболизам и за намалување на заморот и исцрпеноста.

Состав:

аскорбинска киселина, ниацинамид, калциум-Д-пантотенат, тиамин хидрохлорид, рибофлавин 5' фосфат натриум, токоферил ацетат, пиридоксин хидрохлорид,  ретинил палмитат, холекалциферол;

други состојки: вода, калциум лактат, шеќерен сируп, лизин хидрохлорид; емулгатор: соја лецитин; згуснувач: ксантан; регулатор на киселост: лимонска киселина; конзерванс: калиум сорбат; арома на праска.

За повеќе информации за здравствените тврдења за витамините содржани во Д-р Тајс Мултивитамол линијата погледнете го упатството!

За оптимално дозирање Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар.

Упатство за употреба

Пакување:

50 g/кутија