Со доаѓањето на зимата настапува постудено време кое е погодно за развој на респираторни инфекции. Со оглед на тоа што повеќе време поминуваме во затворен простор, полесно доаѓа до пренесување на вирусите, вирусните инфекции, настинки и грип.
Инкубациониот период на настинката трае помеѓу 2 и 5 дена, а симптомите се разликуваат и варираат од назална конгестија (затнат нос), кашлица, болка во грлото и во мускулите, а честопати и температура.
Лекувањето на настинката и грипот е симптоматско, со ублажување на симптомите кои настанале како последица на изложеност на вирусот. Освен препорачаниот одмор и внесување доволно течности во организмот, инхалирањето се смета за прва помош при ублажување на споменатите тегоби.
Инхалирањето претставува вдишување на лековити супстанции од етерични масла на лековити билки, односно нивно испарување.
Лековити билки кои најчесто се користат за инхалирање се: евкалиптус, камфор и млади борови иглички.
Евкалиптусот изобилува со етерични масла. Покрај тоа што има антиинфламаторни својства, природно го одзатнува носот и ја исфрла слузта од синусите. Вдишувањето на есенцијалните масла од евкалиптус доведува до проширување на бронхиите и исфрлање на слузта, што резултира со полесно дишење, ублажување на тегобите предизвикани од настинката и смирување на кашлицата.
Камфорот има интензивна, пикантна арома и е незаменлива состојка во мевлемите за инхалација. Го подобрува исфрлањето на секретот од бронхиите.
Етеричното масло од млади борови иглички го подобрува распаѓањето на бронхијалните секрети. Тоа е природен антисептик со антибактериско дејство.
Инхалацијата го ублажува воспалението на носната празнина и дишните патишта, ја смирува кашлицата, ги разредува густите секрети и го олеснува искашлувањето, а благотворно делува и при алергии, главоболки, несоница и нервоза.
Употребата на балсамот ги ублажува симптомите предизвикани од настинка, ја намалува назалната конгестија, назалниот исцедок, помага во разредување на слузта и ги намалува спазмите при настинки на респираторниот тракт.
Мукоплант евкалиптус маста од Dr. Theiss е на база на евкалиптус, борови иглички и камфор и не содржи ментол, па затоа е погодна и за употреба кај мали деца.
Се нанесува со триење во пределот на градите и грбот неколкупати во текот на денот, особено навечер. Благодарение на основата растворлива во вода, може да се користи и како средство за инхалирање (2 лажички во 1 литар вода).
