Мукоплант еукалиптус маст | Натусана

Фармацевтските производи со врвен квалитет направени од строго селектирани природни состојки. 

Маст

Мукоплант еукалиптус маст

273ден

Етеричните масла се вистински мелем за организмот при настинки, вирози, грип и кашлица.

Овој производ содржи етерични масла од еукалиптус и бор и камфор, кои во фиксната комбинација видливо ги олеснува тешкотиите при инфекциите на дишните патишта, а подобрување на симптомите се чувствува брзо по употребата.

-+

Product Info Tabs

Опис

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА МУКОПЛАНТ ЕКАЛИПТУС И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Мукоплант Еукалиптус е маст за надворешна употреба – дермална употреба (за втривање) и респираторна употреба (инхалација), со светло жолта боја и пријатен мирис на еукалиптус.

Активни супстанции во 100 g маст:

етерично масло од еукалиптус (Eukalyptus oil)………………. 7,5 g

етерично масло од бор (Pine sylvestris oil)………7,5 g

камфор, рецемичен (Camphor, racemic)………………………….5,0 g

Помошни супстанции: масло од пченка, рафинирано; пчелин восок, жолт; тврда маст.

Картонска кутија содржи темна стаклена тегличка со широк отвор, затворена со PP-капак на навртување и упатство за употреба. Тегличката содржи 20g/50g маст. Сите големини на пакувања може да не бидат пуштени во промет.

Комбинацијата на активни супстанции во текот на сонот, делува благо антисептички, го намалува застојот на сектретот во дишните патишта, го промовира искашлувањето и го олеснува дишењето.

Мукоплант Еукалиптус маста се употребува за подобрување на општата здравствена состојба и олеснување на симптомите на настинки при кои се засегнати дишните патишта, како на пример:

  • некомплицирани насинки, придружени со кашлица и зголемена мукозна секреција,
  • засипнатост,
  • некомплициран бронхијален катар (воспаление на мукозните мембрани на бронхиите (бронхијална опструкција) со честа засегнатост на мукозната мембрана на трахеата (дишникот)).

Начин на издавање

Лекот се издава во аптека без рецепт.

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.