Од 11 до 13 мај, Мариово е местото кое веќе традиционално ќе им посака добредојде на сите авантуристи и вљубеници во аутдор спортови. По седми пат, оваа прекрасна македонска локација е домаќин на Mariovo Off Road 2018 – настан подмачкан со Allga San што годинава покрај тоа што нуди забава и спортување, воедно има и хуманитарен карактер. За новитетите и програмата разговаравме со Слободан Трајковски, човекот кој е задолжен за неговото одржување.