
Превомит кидс лижавчиња
Ѓумбирот (Zingiber officinalis) е антиеметичен хербален лек. Исто така ѓумбирот е растение што се наоѓа на листата на дозволени растителни суровини за додатоци на исхрана. Традиционално се употребува во подобрување на бременост-индуцирано гадење и повраќање, постоперативно гадење и повраќање и со движење индуцирано гадење и повраќање. Во ниту една клиничка студија нема докажани несакани ефекти. Но поради отсуство на доволно убедливи доказизи за безбедност, како мерка на претпазливост се препорачува избегнување на употребата во бременост и периодот на лактација.