Ибесан Форте
Диететска храна – храна за посебни медицински намени
Производот е наменет за исхрана на лица со нарушувања на дигестивниот систем
ИБЕСАН ФОРТЕ е храна за посебни медицински намени со микрокапсулиран натриум бутират.
Производот е наменет за исхрана на лица со: нарушувања на дигестивниот систем (воспалителна
болест на цревата), функционални нарушувања на гастроинтестиналниот тракт (болки во стомак,
надуеност, дијареа, запек, функционална диспепсија), синдром на иритабилно црево, нарушувања
на цревна флора по администрација на антибиотици, дивертикуларна болест и состојби по
дијагностички и хируршки интервенции во гастроинтестиналниот тракт.