Како да не престанете со вашиот тренинг и да трчате и на дожд? Врнежливото време не треба да ве демотивира, единствено што може да ви помогне да уживате во трчањето на дожд се неколку важни совети 🙂
1. Облечете се во неколку слоеви, но никако немојте да се облечете премногу. Најважно е најдолниот слој да биде од ткаенина која ќе ја впие потта и влагата, а најгорниот слој да е водоотпорна јакна со материјал кој дише. Не ставајте повеќе од три слоеви, кога ќе почнете да трчате треба да ви биде малку студено, а не топло.
2. Носете капче или качулка со штитник, така дождот нема да ви оди во очите и ќе гледате подобро додека трчате
3. Одберете патики за трчање кои се направени од водоотпорен материјал.
4. Прилагодете ја брзината на трчањето. Кога времето е врнежливо и се околу е лизгаво, треба да трчате побавно и повнимателно. Немојте да трчате брзо, лизгавиот терен дополнително прави отпор и повеќе ги активира мускулите.