При превземање на пратката Ве молиме во присуство на курирот да го проверите својот пакет. Доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) пакетот не би требало да го превземете. Во овој случај ве молиме да ни пратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@natusana.com.mk и да ги наведете причините поради кои сте одбиле да го превземете пакетот. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.
Доколку сте ја примиле пратката и по отворање на пакетот сте утврдиле дека испорачаната роба не одговара на нарачката или податоците на сметката не се соодветни, Ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката, да пратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@natusana.com.mk и да опишете каков проблем имате. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата info@natusana.com.mk
НАТУСАНА MAKEДОНИЈА ДОО Скопје
Ул. Качанички пат бр. 174, 1010 Скопје, Македонија
Халкбанк Ж.с-ка: 270-0585951401-54
Тутунска банка Ж.с-ка: 210-058595140147
ЕДБ: МK4030004507216
Телефон: +389 2 2600 443
Факс: +389 2 2602 000
E-mail: info@natusana.com.mk