Парусан шампон за жени | Натусана

Козметички препарати за нега на лице и тело, сите со врвен квалитет и направени од внимателно одбрани природни состојки.

Шампон

Парусан шампон за жени

669ден

Парусан линијата ( Парусан стимулирачки шампон и Парусан енергетски тоник) делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.

-+

Product Info Tabs

Опис

Парусан – сојузник на твојата коса

Кај жените вообичаено настапува дифузна алопеција, со рамномерно губење и проретчување на косата на целата површина од скалпот.

Причините за алопеција кај жените се најчесто :

– хормонален дисбаланс во и после бременост,

– хормонален дисбаланс во менопауза,

– употреба на одредени лекови (антидепресиви, контрацептиви, антихипертензиви),

– одредени патолошки состојби со раст на андрогени хормони (полицистични јајници , нарушена функција на тиреоидната жлезда итн.),

– стрес,

– агресивни третмани за коса, фарбање и сл.

Парусан линијата ( Парусан стимулирачки шампон и Парусан енергетски тоник) делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.

Парусан призводите содржат високовредни компоненти:

– АКТИВНА супстанца (AnaGain™) – (Advanced Ingredient Award 2014 –Beyont Beauty Lab- Paris) базирана на екстракт од никулци од грашок, која ја продолжува фазата на раст за сметка на фазата на одмор

– Растителни екстракти од пченица, хмељ, цвет од камилица , невен, босилек

– PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло – поттикнува циркулација во фоликулите на влакното и го забрзува растот на косата

– L-Аргинин – стимулира микроциркулација и подобар трансфер на хранливите материи во фоликулите

– Биотин ( витамин Б7) – поттикнува создавање на кератин

– Витамин Е – антиоксиданс кој ја штити кожата на главата од штетните ефекти на УВ зрачење, ја подобрува циркулацијата и на косата и дава сјај

– Пантенол ( витамин Б5 )