Услови за испорака | Натусана

Услови за испорака

1. Избор на производи

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл. при преглед на производите кои се достапни за купување, ќе приметите од десна страна поле "КУПИ ". Кога ќе го притиснете тоа поле ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

2. Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничката, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

3. Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ".

4. Избор на начинот на плаќање

Нарачката можете да ја платите при превземање на робата или со платежните картички VISA, Maestro или MasterCard кои поддржуваат плаќање преку интернет. Проверете кај банката дали Вашата картичка поддржува плаќање преку интернет.

5. За крај на нарачката

Со потврда на полето ЈА ПОТВРДУВАМ НАРАЧКАТА, ќе Ви се прикаже известување за успешно пратена нарачка. Многу брзо потоа, на емаил адресата која ја имате впишано при регистрацијата ќе Ви пратиме потврда за нарачаните производи. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на info@natusana.com.mk или телефонски на

ДОСТАВА

По потврдување на нарачката рокот на испорака е 3 работни дена.

Курирот ја доставува пратката на адресата за испорака во работно време. Ве молиме да обезбедите лице кое во тој период ќе биде на потврдената адреса за да ја превземе пратката. При превземање на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот за случајно да не забележите некакви видливи оштетувања. Доколку приметите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот не е во ред, одбијте го приемот на пратката и известете не веднаш. Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно превземете ја и потпишете ја адресницата која Ви ја доставува курирот. Доколку курирот не Ве пронајде на доставената адреса, вообичаена пракса е да Ве повика телефонски на бројот кој сте го доставиле при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин на достава. Доколку и тогаш не Ве пронајде на наведената адреса, пратката ќе ни се врати нам. По прием на истата, ќе Ве контактираме за да ја утврдиме причината што пратката не е доставена и ќе се договориме за повторна достава.

 

РЕКЛАМАЦИИ

При превземање на пратката Ве молиме во присуство на курирот да го проверите својот пакет. Доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови и нагмечувања) пакетот не би требало да го превземете. Во овој случај Ве молиме да ни пратите емаил со Ваши податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@natusana.com.mk и да ја наведете причината поради која сте одбиле да го превземете пакетот. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.

Доколку сте ја примиле пратката и по отворање на кутијата сте утврдиле дека испорачаната роба не одговара на нарачаната или податоците на сметката не се соодветни, Ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката да да ни пратите емаил со Ваши податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@natusana.com.mk и да опишете каков проблем сте воочиле. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.

Доколку на купениот производ се појават недоследности во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да постапите на начин дефиниран во правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да ги испратите на адреса info@natusana.com.mk.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Во име на Натусана Македонија ДОО Скопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните, основни податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работење и информирање на корисниците согласно со добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи опција за одлука дали сакаат или не сакаат да се избришат од маилинг листата која се користи за маркетиншки кампањи. Сите податоци за корисниците/купувачите строго се чуваат и се достапни само на вработените на кои тие податоци им се неопходни за работа. Сите вработени во Натусана ДОО Скопје (и деловните партнери) се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

При внесување на податоци за платежна картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколи и PKI систем, како и моментално најсовремените криптографски технологии. Сигурноста на податоците при купувањето, го гарантира процесорот на платежни картички, Халкбанка Скопје, па така комплетниот процес на наплата се одвива на страниците на банката. Во ниеден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Натусана ДОО Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.