Оливенол ноќен крем за лице | Натусана

Козметички препарати за нега на лице и тело, сите со врвен квалитет и направени од внимателно одбрани природни состојки.

Крем

Оливенол ноќен крем за лице

476ден

Хранлив ноќен крем со богатство од најквалитетно ладно цедено маслиново масло, масло од јојоба, глицерин, шеа путер, церамиди, витамин Е и А, масло од семе на сончоглед, пантенол. пчелин восок. За клеточна регенерација на кожата во текот на ноќта. Ја хидрира кожата и ја прави поеластична па таа наутро е мека и осетливо помазна. Збогатен со церемиди, важна улога во обновувањето на кожата во текот на ноќта. Дерматолошки тестирано!

-+

Product Info Tabs

Опис

Клучни компоненти во составот:

Ладно цедено маслиново масло - богато со витамини, минерали и природни масни киселини, антиоксиданси. Антиоксидансите во маслиновото масло помагаат да се забави процесот на стареење.

Витамин Е и А - ја штити и храни кожата  

Пантенол - има смирувачки ефект, го намалува црвенилото на лицето и има хранлив ефект врз кожата на лицето.

Глицерин - ја хидрира кожата и и дава сјај.

Пчелин восок - е полни со минерали и витамини (особено А, Д, Е и К). Ја омекнува кожата, а восокот ја штити. Заедно тие се бариера за штетните влијанија од надворешната средина.

Церамиди - природни липиди на нашата кожа, помагаат во хидрирање на кожата, давајќи и на кожата помазен, поцврст изглед без брчки.

Масло од семе од сочоглед - е познато по содржината на масни киселини, кои го прават лицето свежо и хидрирано. Бидејќи има висок процент на ланолеинска киселина, која спречува дехидрација на лицето, ги прави образите да бидат цврст и нежни. Ова природно масло содржи омега 3 и омега 6 масни киселини, кои го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и ја прават отпорна на надворешни влијанија. Отпорноста на лицето станува силно, што е важно за сува кожа која е склона кон егзема во зимските денови.

  • Богата нега со церамиди
  • Го пополнува недостатокот на природните церамиди преку ноќ
  • Ја обновува кожата во текот на ноќта фаза
  • Ја регенерира кожата на клеточно ниво
  • ја подобрува затегнатоста на кожата и ја штити од сушење
  • Ја оптимизира заштитната бариера на кожата
  • Ја храни и ја прави еластична кожата
  • Ја хдрира кожата на лицето
  • Вода/Масло емулзија, содржина на липиди 29 %
  • Сува до многу сува кожа | 35 +