Лексикон

  • Жалфија

    Постојат различни видови жалфија, но во лековити вели се користат само Salvia officinalis и Salvia triloba. Се работи за многу старо лековито растение, кое се одгледувало и се употребувало поради своето терапевтско дејство уште во средниот век.

    Благодарение на етеричното масло кое го содржи, жалфијата делува како противвоспалително, антибактериско и антисептичко средство. Врстата Salvia officinalis е многу ефикасен природен лек против засипнатост и воспаленија и болки во грлото, усната празнина и крајниците. Жалфијата помага и за отстранување на непријатниот здив, а ја подобрува и работата на органите за варење.

    Dr. Theiss Angi Sept пастилите дејствуваат моментално и ефикасно кај тегобите на „воспалено грло“ и „затнат нос“. Благодарение на моќните активни состојки (етерично масло од питомо нане, ментол, анетол и 2,4 дихлорбензилалкохол) имаат антисептично, антимикробно, противвоспалително и дезинфициентно дејство.

    Salvia officinalis L., Lamiaceae
  • Винова лоза

    Листот на Виновата лоза, кој се бере на есен, содржи високо количество на танини и антоцијанозиди, состојки кои делуваат особено ефикасно на венската и артериската циркулација: ги зајакнуваат ѕидовите на површинските вени и го спречуваат негативното влијание на слободните радикали на ситните капилари. Антоцијанозидите од виновата лоза ефикасно помагаат и кај хроничните заболувања на вените, ги намалуваат отоците на нозете и чувството на “тешки нозе”.

    Dr. Theiss  Микро-венен линијата на природни производи е наменета за третман на капиларите и подобрување на циркулацијата и микроциркулацијата во нозете. Внимателно одбраната комбинација на состојки во Dr. Theiss Микро-Венен балсамот и Dr. Theiss Микро-Венен ладниот спреј, како што се екстрактите од див костен, винова лоза и планински бор ја намалуваат видливоста на капиларите, ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат чувството на тежина во нозете.

    Vitis vinifera, Vitaceae
  • Тимјан

    Тимјанот (Thymus vulgaris) е ароматично растение кое е истиот род како и Мајчината душичка, со една мала разлика:  стеблото не му ползи по земја, туку расте нагоре, до 30 сантиметри и има малку потесни лисја. Лисјата и цветовите на тимјанот содржат големо количество етерично масло, кое обилува со состојките тимол, карвакрол, борнеол и линалол. Покрај етеричното масло, тимјанот соджи и танини и флавоноиди. Сите овие состојки го прават тимјанот многу ефикасно лековито средство со високо антисептичко дејство, како и вкусен зачин кој дава посебна арома на јадењата.

    Тимјанот е особено ефикасен против кашлица поради неговото антисептичното својство, кое е резултат на богатството на тимол и карвакрол. Тие делуваат како секретолитик и експекторанс, а претставуваат и одличен бронхоспазмолитик (го опуштаат стегањето на бронхиите). Поради ваквите карактеристики тимјанот влегува во составот на цела палета препарати против обична, а особено против голема кашлица.

    Ги препорачуваме максимално природните лекови од палетата на Dr.Theiss, како што се Mucoplant Бронхосепт капките против кашлица со анaсон и тимјан.

    Thymus vulgaris, Laminaceae
  • Планински бор

    Планинскиот бор расте на границата на шумската вегетација, во високите планински предели на средна и јужна Европа. Етеричното масло од планинскиот бор од дамнина се користи во медицината. Има ароматичен мирис, и се добива со дестилација со помош на водена пареа од свежите иглички и млади гранчиња на борот.

    Најзначајните состојки во етеричното масло од планински бор се делта-3 карен и алфа и бета пинен, кои имаат инхибиторно дејство врз микроорганизмите, како и антиинфламаторно дејство. Воедно, овие состојки помагаат за стимулирање на циркулацијата, за опуштање и за ублажување на болките во мускулите и зглобовите.

    Токму затоа етеричното масло од планински бор е главна состојка во производите од линијата Allga San.

    Allga San тоникот и Allga San гелот се наменети за третирање на болка во грбот и зглобовите, мускулна напнатост, ревматски тегоби и спортски повреди.

    Allga сан балсамот за стапала е наменет за секојдневна нега на грубата кожа на стапалата. Тој има антигабично дејство и го елиминира непријатниот мирис.

    Pinus mugo, Pinaceae
  • Магдонос

    Магдоносот е растение за кое се смета дека има бројни придобивки за здравјето на човекот. Тој е одличен извор на антиоксиданси, фолна киселина, и витамините А и Ц. Докажано е дека има антиинфламаторни својства, како и тоа дека помага во зајакнувањето на имунитетот. Маслото од магдонос (Aetheroleum petroselini) традиционално се употребува поради својството за неутрализација на лошиот здив од устата.

    Lacalut Flora забната паста е наменета за превенција и третман на непријатен здив. Нејзината ефикасност се должи на единствената формула со светски докажани активни компоненти за сузбивање на непријатниот здив: јаванска куркума – со силно антибактериско дејство, ладно цедено маслиново масло – со противвоспалително и антиоксидантно дејство, масло од магдонос – за неутрализација на лошите мириси и етерично масло од луто нане за свежина и разладувачки ефект.

    Petroselinum crispum, Umbelliferae
  • Еукалиптус

    Еукалиптусот потекнува од јужна Австралија и Тасманија, а неговото дрво расте многу брзо и достигнува висина и до 80 метри. Етеричното масло од еукалиптус со карактеристичен свеж вкус и силен мирис содржи еукалиптол, лековита состојка со антисептичко, секретолитичко и секретомоторно дејство, што го прави неверојатно ефикасно при лечење на инфекции на дишните патишта.

    Dr. Theiss Mucoplant Еукалиптус балсамот С против настинка има докажано брзо и ефикасно дејство при инфекциите на дишните патишта, благодарение на етеричните масла од борови иглички и еукалиптус.  Се употребува за инхалација или локално за втривање на кожата и на градите и грбот во случај на настинка, грип и бронхитис. Не содржи ментол со што е погоден за употреба и кај помали деца.

    Eucalyptus globulus, Myrtaceae
  • Ехинацеа

    Растението Ехинацеа потекнува од Северна Америка, а Индијанците ја користеле за лечење на разни врсти рани.

    Ехинацеата има својство да го зајакне имунолошкиот систем и одбранбените сили на организмот. Во бројни клинички испитувања е докажано дека свежиот екстракт од ова растение и нејзиниот корен ги зајакнуваат белите крвни зрнца, па со тоа може да се спречи болеста или барем значително да се дкрати нејзиното траење.

    Дејство:

    Ехинацеата на природен начин го зајакнува имунолошкиот систем и ги спречува бактериските и вирусните инфекции. Особено делува во спречување на настинката и грипот. Исто така се препорачува превентивна примена при заслабната отпорност на организмот, стрес, недостаток на сон, зголемен физички и психички напор, како и при долги патувања.

    Ехинацеа растителните капки на Dr. Theiss се природен производ со екстракт од растението Echinacea angustifolia. Значително го зајакнуваат природниот имунитет, и на природен начин спречуваат бактериски и вирусни инфекции. Растворот е приготвен по хомеопатска рецептура и 10 пати е помоќен од стандардните алкохолни раствори.

    Echinacea angustifolia L., Asteraceae
  • Див костен

    Сувиот екстракт од плодот на дивиот костен е познат и ценет по своето лековито дејство. Екстрактот од семките на костенот содржи многу лековити материи, а особено сапонинот есцин кој ги намалува отоците во нозете и ги зајакнува вените. Се користи кај симптоми на хронична венска инсуфициенција од различно потекло, како што се едеми, грчеви во листовите, варикозни вени и посттромбозен синдром. Содржи и биофлавоноиди, кои го имаат истиот ефект на зајакнување на тонусот на вените. Тие ја намалуваат агрегацијата на тромбоцитите и со тоа ја намалуваат опасноста од создавање на тромбоза. Есцинот делува во синергија со биофлавоноидите,  засилувајќи го нивното дејство.

    Голем број луѓе на возраст од 20 до 70 години, од кои претежно жени (дури 80%), боледуваат од разни нарушувања на венската циркулација, кои се манифестираат со грчеви и болки во нозете, едеми односно отоци на нозете, слаба циркулација како и естетски проблеми. Проширените или варикозни вени, покрај естетскиот, претставуваат и сериозен здравствен проблем. Тие можат да бидат предизвикани од слабост на ѕидовите на вените или стекнати на разни начини. Често доаѓа до воспаление на проширените вени или дури и до создавање на тромб, што доведува до тромбоза. Притоа, најчесто се заборава дека оваа состојба може да се спречи и да се излечи со ефикасни природни состојки.

    Ефикасна помош за спречување на појавата на варикозни вени или за третирање на постоечките проблеми, претставува Dr. Theiss Венен гел со екстракт од семки од див костен и екстракт од цветови на невен.

    Aesculus hippocastanum L.
  • Тегавец

    Tегавецот е многу лековито ливадско растение, кое со столетија е докажан лек во народната медицина, а веќе подолго време се користи и во голем дел од фармацевтските препарати.

    Она што е најважно за ова растение е фактот што тој е многу ефикасен за спречување на кашлицата и подобрување на искашлувањето. Практично сите книги за лековити растенија од средниот век се полни со податоци за лечење на кашлицата со тегавец.

    Уште еден куриозитет кој е забележан од дамнина е дека сокот од тегавецот не се расипува и може да стои долго време без никакви конзерванси. Меѓу другото,тегавецот е многу ефикасен и за лечење на рани, заради неговото антимикробно и антивоспалително дејство.

    Делување:

    Тегавецот (Plantago lanceolata L.) е природен лек против кашлица. Се користи кај сите заболувања на респираторните органи, особено кај силна кашлица, катар, бронхитис, астма…. Тегавецот има својство да ја обложи слузницата на грлото и дишните патишта создавајќи заштитен слој, со што делува антивоспалително и антимикробно и ја смирува кашлицата.

    Mucoplant сирупот од тегавец на Dr.Theiss ја ублажува кашлицата бидејќи содржи висок концентрат на тегавец. Децата го сакаат бидејќи има пријатен вкус, а воедно не содржи индустриски шеќер туку како засладувач се користи мед и сируп од репка. Додатокот од етерично масло од питомо нане уште повеќе го зајакнува антисептичкото дејство на сирупот. Од друга страна, Mucoplant сирупот против кашлица „Добра ноќ“е максимално ефикасен во спречување на тврдокорната ноќна кашлица.

    Plantago laceolata L., Plantaginaceae
  • Ноќниче

    Ноќничето го добило името по своите големи светложолти цветови кои се отвораат дури навечер и остануваат отворени во текот на ноќта. Маслото кое го содржат големите семки во цветовите е богато со вредни есенцијални масни киселини (98%), фосфолипиди и стероли. Маслото од ноќничето е едно од најскапите масла во светот, бидејќи од десет илјади семки се добива само еден грам масло.

    Ноќничето потекнува од Перу, Јужна Америка, од каде се проширило во Северна Америка, а во Европа е пренесено во 17. век. Индијанците од Северна Америка го користеле како природен лек за зацелување на рани и ублажување на иритациите на кожата, додека научните истражувања на маслото на ноќничето и есенцијалните масни киселини кои ги содржи започнале дури во почетокот на 20. век.

    Есенцијалните масни киселини се составен дел од секоја клетка  во телото и се особено важни за размена на материите. Организмот не може самиот да ги синтетизира, туку мораат да се внесуваат однадвор. Маслото на овој прекрасен цвет содржи две животно важни, повеќекратно незаситени масни киселини во особено висока концентрација: цис-линолната (70%) и гама-линоленската (8-10%).

    Од многу одамна се знае дека недостатокот на есенцијални масни киселини доведува до воспаленија на кожата, таа се лупи и станува груба, па може на тој начин да се развие и дерматитис. Кожата побрзо ја губи влажноста, станува сува и побрзо старее, доаѓа до воспаленија, чешање и црвенило. Научниците потврдуваат дека нарушувањата во метаболизмот на есенцијалните масни киселини доведува до развој на егземи, акни, псоријаза и други кожни заболувања. Резултатите од испитувањата при терапијата на кожните заболувања со масло од ноќниче, покажуваат видливо подобрување на симптомите како што се сушењето и лупењето на кожата, чешањето, воспаленијата и црвенилото.

    Dr. Theiss Ноќниче е природна линија на производи од ноќниче, која овозможува основна нега и дополнителна терапија кај неуродермити и суви дерматози, благодарение на високовредното масло од семките на ноќничето. Не содржи парфеми, бои и конзерванси и претставува идеална природна алтернатива и дополнување на кортикостероидната терапија.

    Oenothera biennis L., Onagraceae
  • Невен

    Невенот, од дамнина е познат како скапоцено лековито средство. Тој цвета од мај до доцна есен во медитеранските предели, каде со своите големи златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите.

    Лековитите својства на невенот биле познати уште во антиката и во средниот век, кога тој се користел за лечење рани, повреди и сите видови на кожни заболувања. Најпознат е кремот од невен, којастарите го користеле за лечење на рани и изгореници. Нашите баби правеле и чај од невен, кој го користеле за опуштање на грчевите во стомакот, како и против кашлица, астма и несоница.

    Од каде доаѓа лековитоста на невенот? Невенот е богат со флавоноиди, каротеноиди, сапонини, полисахариди и етерични масла. Тој содржи калиум, провитамин А, ликопен и органски киселини.

    И ден денес кремот и маста од невен и другите производи кои се прават од него имаат противвоспалително, регенеративно и епителизирачко дејство, па се користат за лечење на рани и изгореници, алергиски реакции на кожата, за лечење на проширени вени и разни заболувања на вените, против акни и чиреви на кожата, разни воспаленија, убоди од инсекти, исипувања, отоци и повреди. Невенот покрај тоа што има антиинфламаторно, има и антигабично дејство, што го прави поволен и за третирање на габичните инфекции на кожата.

    Dr. Theiss Calendula е линија на производи од патентирана сорта на невен – Calendula officinalis rinathei. Dr. Theiss Невеновата маст и Невеновиот специјален крем имаат значително поволен ефект при најразлични повреди на кожата, посекотини, изгореници, воспаленија, декубитуси, алергиски болести и дерматози, особено од сув тип.

    Calendula officinalis L., Asteraceae
  • Маслинка

    Стеблото на маслинката е типичен дел од вегетацијата на средоземното поднебје, високо дрво од 8-12 м. Има карактеристично неправилно разгрането јазлесто стебло, лисјата му се овални и кожести, темнозелени од горната а сребренести од долната страна. Белите цветови се во гроздови, плодот е овален коскен плод богат со масло, во должина од 2-3 см кој ја менува бојата од зелена, црвенкаста, па сè до темномодра или скоро црна.

    Се работи за акропентално растение, што значи дека крошната му се развива на врвот. Има долг век, околу 500-600 години, поднесува суша, но е осетливо на ниски температури. Плодот на маслинката се бере од октомври натаму, зависно од сортата и од климата.

    Уште во антиката, стеблото на маслинката  било ставено под заштита на боговите. Во тоа време маслиновото масло се користело не само за подготовка на јадењата, туку и како козметичко масло за кожата.

    Маслинката е симбол на мирот, плодноста, убавината и љубовта кон човекот.

    Главни состојки: масло, незаситени масни киселини, витамин Е, феноли, олеуропеин, флавоноиди.

    Дејство:

    Маслинката е богата со витамини, масти и минерални материи. Маслиновото масло има високовредни состојки кои се добри и за организмот, и за структурата на кожата. Незаситените масни киселини, витаминот Е, фенолите, олеуропеинот и флавоноидите делуваат како добри антиоксиданси. Најновите истражувања го потврдуваат исклучително силното дејство на екстрактот од листот на маслинката на имунолошкиот систем. За соединенијата кои се содржат во листот од маслинката се смета дека го зајакнуваат имунитетот, ја зголемуваат енергијата на организмот, а го намалуваат крвниот притисок и шеќерот во крвта. Соединението олеуропеин има антимикробно дејство, а бројни медицински студии ја наведуваат неговата делотворност кај синузит, херпес, гастритис и хроничен умор. Самиот плод на маслинката е горчлив, а првите недозреани плодови се со зелена боја. Зрелите плодови имаат од модро лилава до црна боја, а со нивно конзервирање се добиваат т.н. црни маслинки.

    Од зрелоста на плодот зависи и квалитетот на маслото. Најздраво е екстра девственото масло (extra vergine), бидејќи се произведува со ладно цедење однoсно пресување на плодот и филтрирање на здравите масни киселини.

    Нуспојави: не се познати

    Употребете ја силата на маслинката за нега на кожата на Вашето лице и тело, со линијата производи Doliva за нега на кожата на база на маслиново масло! Дајте и’ ја на Вашата кожа влагата и маснотијата која и’ е потребна!

    Doliva линијата на висококвалитетни козметички препарати е развиена во лабораторијата на Dr. Theiss, со користење на екстра девствено маслиново масло од Тоскана.

    OLEA EUROPAEA L. (EUROPAEACEAE)
  • Аrnica montana

    Има силно антифлогистичко, аналгетско  и антимикробно дејство. Ја користиме кај сите повреди на меките ткива, истегнувања, повреди, контузии, крвни подливи, удари, едеми кај фрактури, воспаленија на мускулите, спортски повреди… Ова прекрасно растение слободно можеме да го наречеме растение за прва помош при фитотерапија. Најделотворен препарат е Арника гелот кој се користи само надворешно, за различни пост-трауматски состојби, повреди, контузии како и ревматски заболувања.

    Поради неговото аналгетско и антифлогистичко дејство, Allga San Арника гелот е совршено терапевтско средство кое помага кај различни истегнувања, исчашувања, тапи повреди или крвни подливи.

    Asteraceae
  • Калинка

    Калинката се смета за многу моќно овошје, кое според актуелните клинички студии се истакнува со својства кои позитивно влијаат на здравјето на човекот.

    Дејство:

    Сокот на калинката е богат со полифеноли, кои имаат антиоксидантно и имуномодулаторно дејство. Свежо исцедениот сок од калинка е богат со витамин Ц, потоа со витамините Е, Б1, Б2, бета каротен и пантотенска киселина, како и со минералите калциум, железо, калиум, цинк и селен. Овој уникатен хемиски состав и’ дава на калинката неверојатна оксидативна моќ, која им помага на клетките во борбата против разорните слободни радикали. Оксидативната моќ на калинката е дури четири пати поголема од онаа на црвеното вино или зелениот чај.

    Маслото од семките на калинката ја содржи ретката пуницична киселина, која практично не се наоѓа во ниедно друго комерцијално достапно растително масло, а има одлично антиинфламаторно и антитуморско дејство.

    Ова масло делува многу поволно и надворешно: за зацелување на рани, и како третман за брчки и општа регенерација на кожата.

    Моќните состојки кои ги содржи калинката имаат и неверојатно дејство при регенерација и подмладување на кожата:

    –          Големото количество на ретката пуницична киселина, која природно ја има само во калинката, има одлично anti-aging дејство и го поттикнува обновувањето на кожата. На тој начин калинката го поттикнува обновувањето на епидермот, го забавува предвременото стареење на кожата, ја подобрува нејзината еластичност и ги намалува брчките

    –          Високата концентрација на материи со антиоксидантно дејство, бета-каротенот, полифенолите и витамините Ц и Е ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата и ја штитат од слободните радикали, кои настануваат како последица на стресот од околината: сончеви зраци, чад, загадување, и се особено опасни за кожата

    –          Големото количество на линолна киселина во калинката помага за отстранување на пигментните дамки, спречува иритации на кожата

    –          Цинкот и селенот во калинката се многу важни за убава и здрава кожа, за нејзината чистота како и за смирување на иритации

    Производите од линијата за нега кожата на Dr. Thiess Pomegranate – anti-aging formula, ја користат силата на калинката како извор за убава, затегната кожа во секое доба од животот. Pomegranate линијата ја тонизира кожата, ја регенерира и ги намалува брчките веќе по една недела користење, и и дава на кожата виталност и свежина. Дерматолошки тестирана и без парабени!

    Punica granatum, Punicaceae