Лакалут Сензитив џентл вајт | Натусана

Компетентна нега на забите и усната празнина. 

Паста за заби

Лакалут Сензитив џентл вајт

273ден

Лакалут сензитив remineralisation & gentle white е премиум паста за чувствителни заби збогатена со активни состојки кои придонесуваат за заштита на забите од иритација од надворешните влијанија и намалување на чувствителноста, реминерализација на забниот емајл и отстранување на плакот и другите наслаги од површината на забите. Ефективно ја истакнува природната белина на забите со помош на ДУО комплекс од ензими од прироно потекло, без дополнителна иритација и абразија. БЕЗ титаниум диоксид.
- Ја намалува пречувствителноста на болка 
- Нежно ги отстранува пребојувањата на забите благодарение на ДУО - ензимскиот комплекс 
- За заштита од крварење на непцата и пародонтопатија 
- Го реминерализира забниот емајл

Product Info Tabs

Опис

Повеќе од 60% од луѓето страдаат од пречувствителност на забите и не се осмелуваат да користат стандардни абразивни пасти за избелување или професионални хемиски третмани за избелување кои дополнително го истенчуваат емајлот и ја влошуваат состојбата со болна пречувствителност. Затоа Лакалут воведе нова линија премиум пасти за заби со двоен ензимски комплекс за нежно избелување.

Лакалут сензитив remineralisation & gentle white е премиум паста за чувствителни заби збогатена со активни состојки кои придонесуваат за заштита на забите од иритација од надворешните влијанија и намалување на чувствителноста, реминерализација на забниот емајл и отстранување на плакот и другите наслаги од површината на забите. Ефективно ја истакнува природната белина на забите со помош на ДУО комплекс од ензими од природно потекло без дополнителна иритација и абразија. БЕЗ титаниум диоксид.

Активни состојки

Нашата единствена формула Лакалут актив со ефикасна 3-кратна заштита:

Алуминиум лактат - ги затегнува непцата и спречува крварење.

Натриум флуорид – заштитува од кариес.

Хлорхексидин – заштитува од бактерии.

Во комбинација со нашата SENSITIVE формула за успех

Сензитив комбинацијата на активни состојки калиум хлорид и стронциум ацетат го штити и репарира забниот емајл и ја намалува пречувствителноста на болката на забните вратови.

Калиум хлорид - формира заштитна обвивка околу забот заштитувајќи ги забите кадешто недостига емајл, со што ги инхибира дразбите на изложените нервни завршетоци на соголените вратови на забите.

Стронциум ацетат - ги затвора дентинските тубули и на тој начин заштитува од пречувствителност на болка.

Експертите се согласуваат дека комбинацијата на соли на калиум и стронциум претставува корисен додаток на третманите за стоматолошка нега.

Според експертите, може ефикасно да ги третира забите пречувствителни на болка доколку се користи при првите знаци на болка.

Пречувствителноста не само што предизвикува непријатност - може да стане и хронична болест.

+ ДУО-ЕНЗИМСКИ КОМПЛЕКС:

100% природно потекло, ензими со фармацевтски квалитет.

Нежно ги отстранува обоjувањата на забите и двојно негува: и забите и непцата.

Двата ензими од природно потекло бромелаин и папаин се протеолитички ензими (помагаат да се разложат протеините на помали протеински фрагменти наречени пептиди и амино киселини). Го негуваат забниот емајл и овозможуваат ефективно и нежно отстранување на плакот, сите наслаги, дамки и пребојувања по површината на забите.

Бромелаин

Mешавина од ензими кои природно се наоѓаат во ананасот - екстрахиран од никулци од ананас со докажано анти плак, противвоспалително и аналгетско дејство (селективна инхибиција на простагландините).

Со антиинфламаторни и деконгестиви ефекти. Го зајакнува имунолошкиот систем.

  Неговото дејство врз разградување на протеините го олабавува плакот и спречува пребојување на забите.

Папаин

Ензим кој природно се наоѓа во папаја - екстрахиран од лушпа од неузреана папаја, придонесува кон санирање на акутните состојби на болна пречувствителност.

Антибактериски, антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти. Промовира заздравување на оштетените непца. Неговото дејство врз разградување на протеините го олабавува плакот и спречува пребојување на забите.

Содржина на флуориди 1.450ppm.

Се користи наутро и навечер. Наменетo само за возрасни.