Лакалут Екстра Сензитив | Натусана

Компетентна нега на забите и усната празнина. 

Паста за заби

Лакалут Екстра Сензитив

205ден

Забната пречувствителност спаѓа во групата на особено болни и чести состојби на усната празнина. Секој трет човек барем еднаш се соочил со забна пречувствителност. Еден на 10 лица континуирано страда од неа, и дури кај 60-90% од лицата со пародонтопатија оваа појава е сериозен проблем. Се јавува кога дентинските каналчиња се експонирани на надворешни дразби во различни ситуации – при соголеност на забни вратови при пародонтопатија, силно абрадирана истенчена глеѓ, по чистење на забен камен, по агресивно избелување на заби, при постоење на кариес, несвесно ноќно триење на горните со долните заби итн.

Product Info Tabs

Опис

Но… само половина од луѓето се свесни за својот проблем и користат забна паста со десензибилизирачки ефект. Бидете дел од нив!

Пречувствителноста на забите е состојба во која се јавува интензивна болна реакција на надворешни влијанија како што се ладно или топло, слатко или кисело, а дури и при допир на четката за заби.

Зошто се јавува забната пречувствителност и кога забите се здрави?

Најчести причини за појава на забната пречувствителност е состојба кога дентинските каналчиња се изложени на надворешни дразби

  • при соголеност на забните вратови при пародонтопатија
  • силно абрадирана истенчена глеѓ
  • по чистење на забен камен
  • по агресивно избелување на забите
  • несвесно ноќно триење на горните и долните заби
  • неправилно (хоризонтално) четкање

За таа цел истражувачкиот тим на Lacalut ја создаде Lacalut extra sensitive.

  1. Физичко дејство – се должи на стронциум ацетат: прави тенок заштитен слој на површината на отворените дентински каналчиња. Овој слој претставува физичка бариера меѓу дразбата и нервниот завршеток, со научно докажан моментен ефект: намалување на болката до 50% по 60 секунди од употреба на Lacalut extra sensitive
  2. Хемиско дејство – се должи на калиум хлоридот: речиси моментно по употребата навлегува во дентинските каналчиња и го намалува или прекинува преносот на болната сензација. Така болката е намалена или оневозможена.

Професионална забна паста наменета за превенција и третман на пречувствителни заби. Нејзината ефикасност се должи на единствената формула со светски докажани десензибилизирачки агенси и пропратни активни компоненти:

  • калиум хлорид – дејствува на начин што скоро моментно по употребата навлегува во дентинските каналчиња и ја намалува иритабилноста на нервните завршетоци. Така болката е намалена или оневозможена.
  • стронциум ацетат – стронциумови јони се таложат во отворените дентински каналчиња формирајќи заштитен слој – физичка бариера меѓу дразбата и нервниот завршеток, со научно докажан моментен ефект (намалување на болката до 4% по 60 секунди од употреба на Lacalut extra sensitive)
  • натриум флуорид и олафлур – реминерализација и заштита од кариес
  • алуминиум лактат – ефект на цврста гингива, противвоспалително дејство
  • алантоин и бисаболол – противвоспалително и смирувачки
  • хлорхексидин диглуконат – противвоспалително

*Во прилог на ефикасноста на Lacalut extra sensitive говорат и податоците добиени од  тримесечната научна студија (Сахарова и соработници, 2011).