Се чини дека добрата орална нега била високо на агендата за луѓето уште од античко време.
Доказите пронајдени во египетските гробници потврдуваат дека појавата на четките за заби датира од 3500 – 3000 пр. н. е., кога Египќаните и Вавилонците правеле четки со лупење на краевите на гранчињата.
Околу 1600 година пр. н. е. Кинезите развиле „стапчиња за џвакање“ – гранчиња од ароматични дрвја што се џвакале за да се заслади здивот.
Многу стотици години подоцна, во 15 век, Кинезите ја измислиле првата четка со природни влакна. Влакната од свинскиот врат биле прикачени или на коскени или на бамбусови рачки.
Кога овој изум го нашол својот пат до Европа, бил приспособен така што се користеле коњски влакна кои биле многу помеки, а некаде се користеле и пердуви.
Во 1780 година, Вилијам Адис го измислил она што сега го знаеме како модерна четка за заби. Тој закачил свински влакна на специјално врежана рачка направена од кравја коска.
Дизајнот на Адис бил доразвиен во 1844 година, кога била креирана првата четка со три реда.
Четката за заби не станала навистина модерна сѐ до 1938 година, кога Ду Понт го измислил најлонот и така, во 1950-тите, четките за заби имале многу помеки влакна кои биле преферирани од потрошувачите и биле похигиенски.
Со напредокот на технологијата, денес имаме навистина огромна понуда на пазарот за четки за заби. Притоа, клучен е вистинскиот избор.
Лакалут сензитив четка за заби е специјално дизајнирана четка со многу меки влакна со заоблени краеви.

Чувствителните заби кои болно реагираат дури и на студен воздух, бараат специјален третман при четкањето, кој благодарение на четкичката за заби „Lacalut sensitive“ ќе претставува вистинско уживање.
Ефикасно ги чисти Вашите заби, без да предизвика болни сензации и непријатност при четкањето.
Поставете ја четката за заби под агол од 45° по линијата на непцата. Движете ја со мало кружно движење.
Четкајте ја внатрешната површина на секој заб, користејќи ги истите движења напред и назад.
Четкајте ја површината за џвакање (горе).
Користете го врвот на вашата четка за чистење зад секој заб. Погрижете се да стигнете до предниот и задниот дел, горниот и долниот дел, со потези нагоре и надолу.
По миењето, добро исплакнете со млака вода.
Совет: Четката за заби треба да се менува на секои 3 месеци.
Во случај на настинка, болест или ако сте имале инфекција во усната празнина, во тој случај би требало да ја промените веднаш, дури и ако таа е нова.