
Ибутоп, крем 50g
ИБУТОП КРЕМ е особено нежен за кожата и е наменет за пациенти со ревматски болки и болки во зглобовите кои имаат потреба од долготрајна симптоматска терапија. Брзо се апсорбира во болното ткиво, го намалува воспалението и отокот и ја подобрува мобилноста многу брзо.
Во случај на интензивни хематоми и исчашувања, на почетокот на третманот може да биде од корист употребата на оклузивен дресинг (соодветна преврска).
Пенетрацијата на активната супстанција низ кожата може да биде интензивирана со помош на јонофореза (специјална форма на електро-терапија).
Рандомизирана двојно вкрстена плацебо контролирана клиничка студија на 100 испитаници на просечна возраст од 63 години со болки во колената, покажала дека чувството на болка се подобрува веќе по половина час од апликацијата, за да веќе на вториот час болката ја нема дури и на притисок, проследена со значително подобрена подвижност во колената. Веќе на 8-дневната контрола болката е во комплетна ремисија и колената се со комплетна подвижност во рамки на возрасната група.