Како да го употребувате Ибутоп Kрем
Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатството или како што Ви рекол Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Ако не сте сигурни проверете кај Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.
Препорачана доза е:
Нанесете Ибутоп Kрем 3-4 пати на ден. Зависно од големината на болната регија што треба да се третира, Ви треба 4-10 cm од кремот што одговара на 2-5 g крем (100-250 mg ибупрофен). Максималната дневна доза е 20 g крем што одговара на 1000 mg ибупрофен.
Начин на употреба
Само за надворешна употреба! Да не се голта!
Нанесете Ибутоп Kрем на кожата и лесно втријте го. Во случај на интензивни хематоми и исчашувања, на почетокот на третманот може да биде од корист употреба на оклузивна преврска. Продирањето на активната супстанција низ кожата може да биде интензивирано со помош на јонофореза (специјална форма на електро-терапија). Ибутоп Kрем треба да се нанесе под катодата (негативен пол). Интензитетот на струјата треба да биде 0,1-0,5 mA на 5 cm² на површина на електродата и времетраењето на третманот до приближно 10 минути.
Времетраење на третманот
Вашиот лекар одлучува за времетраењето на третманот. Генерално, доволна е апликација во период од 2-3 недели. Надвор од овој период терапевтската ефикасност не е докажана.
Ако ефикасноста на Ибутоп Kрем Ви се чини премногу силна или премногу слаба, Ве молиме контактирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Ако сте употребиле повеќе Ибутоп Kрем отколку што треба
Доколку се надмине препорачаната доза во случај на употреба на кожа, кремот треба да се отстрани и кожата да се измие со вода. Контактирајте го Вашиот лекар доколку нанесете количина што е значително поголема или во случај на несакан внес на Ибутоп Kрем.
Специфичен противотров не постои.
Ако имате какви било дополнителни прашања за употребата на овој лек, прашајте го Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.