Ибутоп гел 50g | Натусана

Иновативната нанокомпозитна формула со многу брза и длабински продорна моќ. 

Гел

Ибутоп гел 50g

246ден

Ибутоп Гел е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.        

Активна супстанција: Ibuprofen/Ибупрофен

За употреба кај возрасни и адолесценти на возраст од 14 години и постари

Лекот може да се издава во аптека без рецепт.

Product Info Tabs

Опис

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

Што претставува Ибутоп Гел и за што се употребува

Ибутоп Гел е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.

Индикации

За локален придружен симптоматски третман на болка во случај на        

  • акутно истегнување, исчашување или нагмечување на екстремитетите како резултат на тапа траума на пр. спортски повреди
  • мускулен ревматизам
  • артрози (болни дегеративни состојби на зглобовите)
  • воспалителни ревматски состојби на зглобовите и ‘рбетниот столб,
  • оток и/или воспаление на меките ткива во непосредна близина на зглобовите (на пр. бурса, тетиви, обвивка на тетиви, лигаменти и зглобни капсули), вкочанетост во рамената, болка во долниот дел на грбот, лумбаго.

Мора да разговарате со лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо после 3 дена.

Начин на издавање на лекот

Лекот може да се издава во аптека без рецепт.

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.