Smokers relief раствор | Натусана

Фармацевтските производи со врвен квалитет направени од строго селектирани природни состојки. 

Раствор

Smokers relief раствор

394ден

Исландскиот лишај се користи како слузно средство амара муцилагиносум. Делува антимикробно и антитусично. Има изразено респираторно против-воспалително дејство преку стимулација на формирање на заштитен мукозен слој. Директно влијае на заштита на респираторната слузница.

-+

Product Info Tabs

Опис

Главни фитохемиски компоненти на исландскиот лишај се глуканите (лихенин и изолихенин) во склоп на полисахаридна смеса, во количество до 50%. Од другите компоненти содржи фумаропротоцетрарна, протохолестеринска и уснинска киселина. Фумаропротоцетрарна киселина го дава горчливиот вкус, а уснинската има фитонцидно(антимикробно) дејство.

Исландскиот лишај се користи како слузно средство амара муцилагиносум. Делува антимикробно и антитусично. Има изразено респираторно против-воспалително дејство преку стимулација на формирање на заштитен мукозен слој. Директно влијае на заштита на респираторната слузница од надворешни дразби, супресија на почетна неспецифична сува кашлица.

Екстрактот од цветот на камилица содржи етерично масло од 0,3-1,5% кумарини (умбелиферон, херниарин), слузи, флавоноиди, горчливи состојки. Од флавоноидните компоненти значајни се апигенин, лутеолин и кверцетин и нивни хетерозиди. За дрогата е карактеристичен патулитрин. Присутни се и други метилирани флавоноиди. Од горчливите состојки значајни се сесквитерпенски лактони: матрицин, матрикарин и дезацетилматрицин.

Делува антифлогистично, антиинфламаторно, антиулцерогено, бактерицидно, фунгицидно и спазмолитично. Сите овие делувања се клинички тестирани и потврдени.

Маточината содржи етерично масло (0,02%-0,3%) каде доминираат монотерпенски алдехиди. Значајно е присуството на розмаринска, хлорогенска и кафеична киселина, флавоноиди, тритерпени и др. Делува благо седативно, спазмолитично, карминативно, антимикробно и благо антивирално дејство.

Smokers Relief раствор

Ве молиме да се придржувате до препорачаната дневна доза. Додатокот на исхрана не е надоместок или замена за избалансирана исхрана.

Исландскиот лишај и маточината придонесуваат за олеснување при дразнење на грлото и ждрелото.

Благотворно делува кај пушачи.           

Состав: сируп од шеќерна репка; вода; мед; екстракт од исландски лишај (Cetraria islandica, малтодекстрин) 4:1 (2 %); екстракт од цветот на камилица (Chamomilla recutita, малтодекстрин, силициум диоксид) 1:1,4 (0,3 %); екстракт од листот и билката на маточина (Melissa officinalis, малтодекстрин) 4,3-5,2:1 (0,3 %); хијалуронска киселина; арома; конзерванс: калиум сорбат.

Пакување: стаклено шише x 250 ml/кутија.

Пакување:

Стаклено шише x 250 ml/кутија