
Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин ц, раствор
Во зимските месеци честопати ни се случува инфекцијата на дишните патишта да ни се повтори. Во случај на рекурентни инфекции на дишните патишта побарајте го Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц на Д-р Тајс. Покрај добро познатото дејство на екстрактот од тегавец во состав на Мукоплант сирупите од тегавец на Д-р Тајс, Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и во нормална функција на имуниот систем.
Сирупот дополнително содржи и Витамин Ц, кој придонесува за нормална функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста. Без додаден алкохол и шеќер. Погоден е за употреба и кај дијабетичари.