“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”
Што претставува и за што се употребува граничниот производ Мукоплант тегавец Добра ноќ
Мукоплант тегавец Добра ноќ е сируп за перорална употреба. Придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон.
Екстрактите од теснолистен тегавец (Plantago lanceolata), тимјан (Thymus vulgaris) и камилица (Chamomilla recutita) придонесуваат во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.
Екстрактот од маточина (Melissa officinalis) на природен начин помага во релаксирање и опуштање и овозможува одржување на нормалниот сон.
Витаминот Ц (аскорбинската киселина) придонесува за нормалната функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.
Што содржи Мукоплант тегавец Добра ноќ
Состав:
Стабилизатори: сорбитол-, малтитол- сируп; вода; естракт од лист од теснолистен тегавец 1:1 (4,5 %) (Plantago Lanceolata L.; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет и лист од тимјан 1:5 (0,3 %) (Thymus vulgaris L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет од камилица 1:7 (0,3 %) (Chamomilla recutita L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); згуснувач: ксантан гума; витамин Ц (аскорбинска киселина); конзерванс: калиум сорбат; арома: анасон; екстракт од билката од маточина 4,3-5,2:1 (0,05 %) (Melissa officinalis L., малтодекстрин). Содржи сулфур диоксид.
Изглед и големина на пакување
Темно стаклено шише x 100 ml/кутија
Темно стаклено шише x 250 ml/кутија
Начин на издавање
Граничниоит производ се издава и/или продава без рецепт.
За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.
PDF – Упатство за пациентот