Како да го употребувате сирупот Мукоплант бршлен?
Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт, дококу не сте сигурни.
Препорачани дози се:
- за возрасни и адолесценти над 12 години:
15 ml три пати на ден.
- за деца помеѓу 6-11 години:
15 ml два пати на ден.
- за деца помеѓу 2-5 години:
10 ml два пати на ден.
Деца под 2 години:
Употребата е контраиндицирана.
За правилно дозирање треба да се употреби приложената одмерна чаша.
Пациенти со бубрежна слабост или оштетување на црниот дроб: Поради недостаток на податоци за употребата на лекот кај оваие групи на пациенти, не е можно да се даде препорачана доза (видете го делот “Бидете особено внимателни со сирупот Мукоплант бршлен”).
Сирупот Мукоплант бршлен се зема нерастворен и независно од земањето храна.
Треба да пиете многу вода или топли не-кафеински напитоци во текот на денот во периодот на употреба на сирупот Мукоплант бршлен.
Ако симптомите и по една недела од употребата на лекот сеуште се присутни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Ако дејството на сирупот Мукоплант бршлен Ви се чини премногу силно или премногу слабо, побарајте совет од Вашиот лекар или фармацевт.
Сирупот Мукоплант бршлен соржи малтитол, раствор
Ако Вашиот лекар Ви има кажано дека имате нетолерантност кон некои шеќери, контактирајте го пред да го употребите овој лек.
10 ml сируп содржи 4 g малтитол, раствор што одговара на околу 0.3 лебни единици. Ова треба да го земете во предвид доколку страдате од дијабетес мелитус. Калоричната вредност е 2.3 kcal/g малтитол.
Малтитол, растворот може да има благо лаксативно дејство.
(За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.)