КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ИМУНО ТАЈС?
Секогаш земајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт. Проверете кај Вашиот лекар или фармацевт ако не сте сигурни.
Препрачани дози за возрасни и деца над 12 години се:
Како превентива, земете три пати на ден по 20-30 капки.
Во случај на акутна инфекција, прво земете 50 капки, а потоа секој час по 10-20 капки.
Начин на употреба
Перорална и оромукозална употреба.
Оставете ги капките во устата кратко време без голтање.
Времетраење на употребата
Терапијата треба да започне при првите симптоми на вообичаена настинка.
Ако симптомите и по 10 дена од употребата на лекот сеуште се присутни, треба де се консултира лекар или фармацевт.
Употреба кај деца и адолесценти
Употребата кај деца под 12 години не е утврдена поради недостаток на соодветни податоци.
Ако сте земале повеќе Имуно Тајс отколку што треба
Нема пријавени случаи на предозирање.
Ако сте заборавиле да земете Имуно Тајс
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
Ако престанете да го земате Имуно Тајс
Ако имате дополнителни прашања за употребата на овој лек, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.