“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.”
Што содржат лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица?
Секое лижавче содржи: екстракт од исландски лишај, екстракт од тимјан, екстракт од бел слез, аронија во прав, витамин Ц (L-аскорбинска киселина).
Останати супстанции: шеќер, гликозен сируп, регулатор на киселост: лимонска киселина, природна арома на малина, вода, боја Е120.
Кога треба да се употребуваaт лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица?
Супстанциите во медицинското средство ХербалСепт Кидс кашлица ја обложуваат слузницата на устата и грлото со заштитен филм и ја олеснуваат кашлицата. Заштитната филм-облога што ја дава производот го спречува штетното дејство на надворешните надразнителни фактори (суви простории, ладен, сув или загаден воздух), намалувајќи ја честотата на рефлексното кашлање. Медицинското средство ХербалСепт Кидс кашлица ја подобрува влажноста на грлото овозможувајќи олеснето искашлување на секретот. Овие својства на производот ја враќаат рамнотежата на надразнетата слузница.
Екстрактот од бел слез содржи слузи кои рамномерно ја обложуваат слузницата на устата и грлото, овлажнувајќи ја и штитејќи ја од штетното дејство на надворешните надразнителни фактори. Екстрактот од тимјан ја интензивира подвижноста на влакненцата на епителните клетки и на тој начин го подржува физиолошкото чистење на дишните патишта.
Дејство
- Ја ублажуваат кашлицата
- Ја намалуваат честота на кашлањето
- Го олеснува искашлувањето
Лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица се препорачуваат:
- за олеснување на кашлица и намалување на честота на кашлањето кај деца и возрасни
- како помош во олеснување на искашлувањето
- како средство за заштита на слузницата на усната шуплина од надразнителни фактори
- кај лица кои патат од сува слузокожа на устата
Начин на издавање
Медицинското средство може да се издава без рецепт во аптеки и специјализирани продавници.
Содржина на пакувањето
Кутијата содржи 6 лижавчиња со вкус на портокал (6 лижавчиња x 10 g/кутија).
Нето тежина: 60 g ℮ (6 x 10 g ℮).