Употреба: Една кафена лажичка (5 ml) 3 пати на ден пред јадење. Се препорачува да се разреди во чаша чај, вода или сок. Ако после оброк имате чувство на подуеност во стомакот, погодно е да се земе една до две лажички после оброци.
Временско ограничување на употреба: 2 недели.
Нето количина: достапни се две големини на пакување 100 ml, 250 ml
Д-р Tајс Шведска горчливка, додаток во исхрана содржи 36% (V/V) алкохол. Забелешки: чувајте го подалеку од дофат и вид на мали деца. Препорачаната дневна доза не треба да се надминува. Додатокот на исхрана не треба да се користи како замена за разновидна и избалансирана исхрана.
Предупредувања: Лица кои земаат лекови пред употреба треба да се советуваат со лекар. Не земајте во случај на зголемена стомачна киселина, акутни или хронични проблеми со желудникот и болести на цревата, дијареа, болести на црниот дроб. Не се препорачува за трудници, доилки и деца помлади од 12 години.
Напомена: Да се чува на температура до 25° C.