Д-р Тајс Мултивитамол сируп | Натусана

Фармацевтските производи со врвен квалитет направени од строго селектирани природни состојки. 

Сируп

Д-р Тајс Мултивитамол сируп

355ден

Децата и адолесцентите не размислуваат дали храната која секојдневно ја внесуваат е здрава и богата со витамини. Важно им е само да е вкусна и модерна како на пример “брза храна”. Последиците од ваква неизбалансирана исхрана доаѓаат брзо. Затоа родителите можат навреме да превземат мерки внесувајќи во менито на своите деца храна богата со витамини, минерали и балансни материи. Доколку имате потреба за избалансирана комбинација на витамини во случај на состојби на зголемена нутритивна потреба кај мали деца, училишни деца или кај возрасни (за време на периоди на закрепнување, периоди на интензивен раст или периоди на потреба од подобрување на апетитот), можете да употребите од препаратите од Мултивитамол линијата на Dr. Theiss. Д-р Тајс Мултивитамол препаратите содржат внимателно одбрана комбинација на витамини, прилагодена на возраста за која се наменети Ве молиме да се придржувате до препорачаната дневна доза. Додатокот на исхрана не е надоместок или замена за избалансирана исхрана.

Product Info Tabs

Опис

Д-р Тајс Мултивитамол сируп 200 ml

• избалансирана комбинација на 10 витамини и железо
• за состојби на зголемена нутритивна потреба кај деца од 1 година
• пријатен вкус на праска

Состојки: железо II лактат, ретинил палмитат, тиамин хидрохлорид, рибофлавин 5′ фосфат натриум, пиридоксин хидрохлорид, аскорбинска киселина, токоферол ацетат, холекалциферол, никотинамид, пантотенска киселина и цијанкобаламин;
други сосотојки: вода, шеќер; емулгатор: полисорбат 20, пропиленгликол; регулатор на киселост: лимонска киселина; конзерванс: калиум сорбат; арома на праска.

Витамините Б6, Д и Ц придонесуваат за нoрмална функција на имуниот систем
Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата
Железото придонесува за нормално создавање на црвените крвни клетки и хемоглобинот и за нормален транспорт на кислородот во телото.

*МДК % - процент од максималната дневна количина на витамини и минерали.

За повеќе информации за здравствените тврдења за витамините содржани во Д-р Тајс Мултивитамол сируп погледнете го упатството!
За оптимално дозирање Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар.

Пакување: 200 ml