Д-р Тајс Мукоплант Анисол меки капсули | Натусана

Фармацевтските производи со врвен квалитет направени од строго селектирани природни состојки. 

Капсули

Д-р Тајс Мукоплант Анисол меки капсули

232ден

Спротивставете се на кашлицата и бронхитисот

Есенцијалните или етеричните масла се „тајните“ на билките во кои е скриена нивната лековита моќ и силата на мирисите. Позитивната делотворност на маслото од ѕвездест анасон особено е нагласена кај органите за дишење, во време на вирози и настинки, а особено е препознатливо по своето антибактериско дејство.

Во народната медицина анасонот не е познат само како лековита, туку и зачинска билка. Има пријатен вкус и мирис кој го дава анетолот (ароматичен етер) – главна компонента на анасонот.

Product Info Tabs

Опис

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”
Што претставува Д-р Тајс Мукоплант Анисол и за што се употребува
Д-р Тајс Мукоплант Анисол е традиционален хербален лек за третман на настинки на дишните патишта придружени со густ, леплив (вискозен) секрет.
Д-р Тајс Мукоплант Анисол е традиционален хербален лек и се употребува во случај на наведените индикации врз основа на неговата долгогодишна употреба.
Мора да разговарате со лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо после 3-5 дена.

Содржина на пакувањето и други информации
Што содржи Д-р Тајс Мукоплант Анисол
- Активна супстанција е: етерично масло од ѕвездест анасон. Една капсула содржи 100 mg етерично масло од ѕвездест анасон (Anisi stellati aetheroleum).
- Другите супстанци се: рафинирано масло од семе на маслодајна репа,
Обвивка на капсулата: желатин (Succinylated Gelatin), гицерол 85% (Е 442), прочистена вода, боја: хлорофилин-бакар-комплекс, натриум (E 141).

Како изгледа Д-р Тајс Мукоплант Анисол и содржина на пакувањето
Д-р Тајс Мукоплант Анисол се бледо зелени, проѕирни меки капсули со мазна површина и карактеристичен мирис на анасон.

Начин на издавање на лекот
Лекот се издава во аптека без лекарски рецепт.