Што претставува и за што се употребува граничниот производ Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со камилица и мед
Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастилите со камилица и мед придонесуваат во олеснување на дразнењето на грлото и гласните жици и го намалуваат дразнењето на горните дишни патишта.
Екстрактот од листот на жалфија (Salvia officinalis) придонесува во олеснување на дразнењето на грлото и гласните жици.
Екстрактот од цветот на камилица (Chamomilla recutita) придонесува во намалување на дразнењето на горните дишни патишта.
Витаминот Ц придонесува за нормалната функција на имуниот систем и за намалување на заморот и исцрпеноста.
Како се употребува граничниот производ Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со камилица и мед
Секогаш употребувајте го граничниот производ според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар/фармацевт.
Што содржи Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со камилица и мед
Активни супстанции:
100 g1 пастила (2,5 g)6 пастили (15 g)
Витамин Ц
(аскорбинска киселина)800 mg20 mg120 mg
Ектрат од жалфија
2-3:11,5 g37,5 mg225 mg
Екстракт од камилица
2,0-2,5:11,0 g25 mg150 mg
Помошни супстанции: шеќер; глукозен сируп; вода; арома; мед.
1 пастила (2,5 g) содржи 20 mg витамин Ц (за деца од 6-14 г. 44 % од МДК, за возрасни 5,7 % од МДК)
МДК = Максимална дозволена дневна количина
Eнергетска вредност во 100 g: 381 kcal (1621 kJ), јаглехидрати 94,6g, протеини, масти и сол 0g.
Изглед и големина на пакување
60 g (24 пастили x 2,5 g)/блистер 2 x 12/кутија
Пакувањето содржи 60 g (24 пастили). Пастилите се тврди, со овална форма и специфичен вкус.
Начин на издавање на граничниот производ
Граничниот производ се издава и/или продава без рецепт.
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи
11-917/2; 09.03.2016 година.
Пред употреба на граничниот производ, внимателно да се прочита упатството!
PDF –Информации за корисникот