Дали да вежбате ако сте настинати? Следете го правилото „над вратот – под вратот“!

zig-zag
Дали да вежбате ако сте настинати

Правилото кое треба да го следите за да оцените дали треба или не треба да вежбате кога сте настинати, е правилото „над вратот – под вратот“.

Односно, доколку симптомите на настинката се јавуваат над вратот, како растечен или затнат нос, кивање, болка во грлото, тогаш можете да вежбате лесни, помалку интензивни вежби. Избегнувајте високоинтензивни кардио вежби како аеробикот и дигање на тегови, но вежбајте лесни кардио вежби, пилатес, јога…

Доколку, пак, симптомите на настинката се јавуваат под вратот, како кашлица, дијареја, повраќање и треска, тогаш треба да одмарате сè додека не помине настинката, пред да продолжите со вежбање.