Видео интервју со Никлас Холстен - подмачкано со Алгасан | Натусана
Thu, 02/28/2019 - 15:15

Видео интервју со Никлас Холстен - подмачкано со Алгасан

На овогодинешното, седмо издание на ЕХО фестивалот на планински филм (подмачкано од Алгасан :) ), се подруживме со Никлас Холстен - најдобриот фрирајд сноубордер од Финска, кој се има натпреварувано и освоено бројни сноуборд натпревари ширум Европа и своевремено беше дел од Freeride World Tour.

Mинатата година Никлас беше во Македонија и Косово, каде заедно со сопругата Нивес и Томе Котески и Методи Чилиманов ги искачија врвовите Кораб и Кепи Бард,  спуштија прва линија по Кепи Бард, а Никлас тука сними и дел од неговиот краток документарен филм After You.