Вежба за истегнување на задна ложа | Натусана
Thu, 02/21/2019 - 09:54

Вежба за истегнување на задна ложа

Трчачи, еве една задолжителна вежба за истегнување на задна ложа. Истегнувањето на овие мускули е многу важно за спречување на повреди и болки во колената. Со оваа вежба воедно ги опуштате и рамената.

Застанете и фатете ги рацете зад грбот, а потоа полека спуштете се во положбата на сликата. Опуштете ги рамената и грбот. Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа полека вратете се во стоечка положба.