Специјална нега на кожа

Кожата е најголемиот човечки орган и како таква бара посебно внимание и нега. Исто така, кожата на секоја личност реагира различно. Додека некои луѓе имаат нормален тип на кожа, на кој исто така му е потребна дневна и ноќна нега, други имаат многу чувствителна и хиперреактивна кожа која пројавува непријатни симптоми како што се чешање и печење.
Екстремно сувата кожа и кожата која страда од атопичен дерматитис имаат заеднички карактеристики: недостаток на липиди и влага, што може да предизвика иритација. Затоа, неопходна е длабока хидратација за обновување и смирување на кожата.
Масло од вечерна јаглика
Маслото од јаглика одамна е многу популарно како додаток во исхраната, но и за надворешна употреба во одржување на здравјето. Исклучително е ефикасно во негата на кожата.
Древните народи ги препознале неговите придобивки и користеле сок од стебла и лисја за ублажување на воспаленија на кожата, додека лапата се користела за лекување на модринки и помали рани.
Главните елементи на ова масло се есенцијалните масни киселини кои ја зајакнуваат бариерата на кожата и ја намалуваат загубата на влага, а значително ги подобруваат текстурата и еластичноста на кожата.
Главни придобивки од маслото од јаглика:
Хидратација - маслото од вечерна јаглика ја подобрува хидратацијата на кожата со намалување на загубата на вода, што го прави погодно за нега на сува кожа.
Антивоспалителни својства - поради линолеинската киселина, маслото од јаглика има антиинфламаторни својства и може да се користи за кожни заболувања како што е атопичен дерматитис
Затоа развивме линија на производи чија главна состојка е маслото од јаглика.
Препорачуваме Д-р Тајс интензивен крем од ноќниче како придружна терапевтска нега за атопичен дерматитис и екстремно сува и чувствителна кожа.
Д-р Тајс интензивниот крем од ноќниче со висока доза (21 %) на масло од ноќниче е особено погоден за зафатените суви и оштетени делови на кожата. Тој ја снабдува кожата со есенцијалните масни киселини и ја стабилизира нејзината заштитна функција. Идеален е за нега и третирање на посилно изразениот дерматитис во делот на кожата под пелени и кај посилните промени предизвикани од неуродермитис. Специјалната формула за нега го ублажува или сосема го смирува чешањето и интензивно ја обезбедува кожата со потребната маснотија.
Заедно со употребата на кремот го препорачуваме и Д-р Тајс балсамот од ноќниче како основна нега за сува кожа со линолова киселина и 3 % уреа. Збогатен е со природни есенцијални масни киселини кои ја враќаат заштитната функција на кожата, заштитувајќи ја од надворешни влијанија и од дополнително сушење. Тоа е одлична придружна терапевтска нега за атопичен дерматитис. Ги враќа влагата и маснотиите на чувствителната и оштетена кожа, обезбедувајќи ѝ длабока нега и еластичност. Покрај тоа, погоден е и за нега на кожа на деца и доенчиња
Дали имате ронлив и иритиран скалп? Д-р Тајс шампонот од ноќниче е одличен избор за секојдневна нега.
Ефикасно го смирува осетливиот скалп и го ублажува чешањето. Погоден е и за нега на иритираниот скалп на доенчиња и деца и се препорачува како додаток на терапијата за атопичен дерматитис.
Збогатен со незаситени масни киселини од семките на јаглика, обезбедува хидратација на скалпот, правејќи го мек и еластичен.
Невен
Старите Грци и Римјани добро ги знаеле придобивките од невенот, чие масло го користеле за да се спречи иритација на кожата, да се смират изгорениците и да се подобри зараснувањето на раните.
За среќа, знаењето за лековитите својства на невенот е зачувано многу векови, па затоа и денес се користи за нега на многу чувствителна и оштетена кожа.
Придобивки од невенот:
Хидратација. Содржи омега-6 масни киселини кои ја негуваат кожата одвнатре, длабоко ја хидрираат и ја прават еластична.
Совршено ја чисти кожата. Невенот е богат со сапонини, кои се природни состојки слични на сапунот што длабински ја чистат и ја освежуваат кожата.
За сите типови кожа. Екстрактот од невен е погоден за сите типови на кожа, а особено се препорачува за луѓе склони кон псоријаза и атопичен дерматитис.
Има антиинфламаторно дејство. Поради високата содржина на линолова киселина, има антиинфламаторно и лековито дејство.
Покрај тоа, невенот ефикасно ја враќа уморната и сува кожа без сјај. Богат е и со флавоноиди, односно антиоксиданси, кои делуваат смирувачки и го спречуваат процесот на стареење.
За нега на оштетена, груба и испукана кожа ви го препорачуваме Д-р Тајс специјален крем од невен
Неговата специјална формулација се заснова на највредните состојки на органски одгледуваниот цвет од невен. Обезбедува влажност на сувата кожа и длабински ја храни и обновува. Особено се препорачува како придружна нега за благо воспалени вени.
Како што можете да видите, има толку многу причини да се грижите за многу чувствителната и оштетена кожа со производи базирани на природни состојки.
Линијата на козметика за нега на кожа Д-р Тајс ги содржи само најефективните состојки од растително потекло, вклучително и маслото од вечерна јаглика и невенот. Сигурни сме дека ќе уживате во нејзината секојдневна употреба.