Проблемот со губење на косата кај жените | Натусана
Wed, 10/04/2023 - 09:56

Проблемот со губење на косата кај жените

Долго време се сметаше дека опаѓањето на косата е машки проблем. Жените едноставно го игнорираа опаѓањето и проретчувањето на косата и го припишуваа на стареењето. Медицинските истражувања потврдија дека различните индикации доведуваат до губење на косата кај жените.

За разлика од мажите кои губат коса локализирана на круната и бакенбардите, жените доживуваат дифузно опаѓање на косата.

Истото може да е предизвикано од повеќе фактори.

Хормонални нарушувања во телото, синдром на полицистични јајници и дисфункција на тироидната жлезда се дефинитивно проблеми кои го зафаќаат целото тело на жената и доведуваат до зголемено опаѓање на косата.

При постоење на некој од овие проблеми, најчесто е неопходна неколкумесечна хормонска терапија за намалување на хормоналната нерамнотежа и запирање на опаѓањето на косата.Под хормонско причинето опаѓање на косата може да се спомене и опаѓањето после породување, кое исто така е честа појава кај новите  мајки. И за крај, како причинител понекогаш се сметаат и употреба на одредени лекови, како и боледување од одредени болести, како на пример инфекција на скалпот.

Сезонското опаѓање на косата кај жените е прифатено како нормална појава која се јавува периодично.

Уште од античко време постојат многу природни состојки кои се користат за зајакнување, густина и воопшто за убавина на косата. Познато и докажано е позитивното делување на пантенолот, рицинусовото масло и маслиновото масло, кои неретко се употребуваат за нега на коса и во домашни услови.

Со овој проблем денес сериозно се занимава и фармацевтската индустрија, која врз основа на сериозни истражувања и студии, создава различни препарати.

Покрај веќе споменатите состојки, овие препарати содржат и витамини и аминокиселини кои поволно влијаат врз  микроциркулацијата и на тој начин го промовираат внесот на хранливи материи во фоликулот на косата.

Сепак, неопходно е опаѓањето на косата да се третира сериозно, како и секој здравствен проблем.

Најважно е да  започне со оптимална исхрана која ќе го обезбеди потребниот дневен внес на витамини и минерали.

Парусан – сојузник на твојата коса!

Парусан линијата (Парусан стимулирачки шампон и Парусан енергетски тоник) делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.