Природна нега на стапалата во зима | Натусана
Thu, 02/28/2019 - 15:33

Природна нега на стапалата во зима

За разлика од летото, кога стапалата се изложени на погледи и обрнуваме особено внимание на нивната нега, најчесто во текот на зимата ги подзаборавиме и ја занемаруваме негата и грижата за нив. Но, стапалата бараат нега во текот на целата година, особено кај луѓето кои се физички активни, односно се занимаваат со спорт.

За време на есента и зимата се јавуваат повеќе проблеми со кожата на стапалата. Во текот на студените денови и за време на спортските активности во зима, нашите стапала се долго заробени во топлите обувки, па често се потат, кожата станува сува, груба и почнува да пука; често се јавуваат и проблеми од типот на плускавци или габични инфекции – т.н. атлетско стапало, еден од честите проблеми со кој се соочуваат спортистите.

Сепак, со редовна хигиена и адекватна нега на стапалата во текот на зимата може да се решат сите непријатни состојби кои ги предизвикуваат затворените чевли и прекумерното потење, а пред сè да се превенираат и проблемите од типот на атлетското стапало.

  1. Редовна и детална хигиена на стапалата

Покрај брзиот туш и лесното миење на стапалата наутро, во зима се препорачуваат и подолги, релаксирачки вечерни купки со млака вода, со некој благ pH-неутрален сапун, кој ќе ја заштити вашата кожа од сушење. Ваквите купки особено се препорачуваат по интензивна спортска активност. По секое миење погрижете се добро да ги исушите стапалата, а потоа преминете на хидратација.

Кога ќе имате повеќе имате време, а се препорачува барем два пати неделно, направете пилинг на кожата на стапалата. Ова е еден од брзите и ефикасни начини да се „ослободите“ од мртвите клетки.

  1. Редовна хидратација – и наутро и навечер

Хидратацијата на стапалата во зима е исклучително важна, дури и повеќе одошто во лето, и најдобро да се практикува два пати дневно, и наутро, и навечер.

Доколку се соочувате со прекумерно потење на стапалата и/или сте физички активни, направете утринска хидратација на стапалата со Алгасан актив балсамот од природната хербална аптека на Д-р Тајс. Направен на база на етерично масло од алгојски планински бор, во комбинација со авокадо, ментол, пантенол и витамин Е, актив балсамот го намалува прекумерното потење и ги негува и освежува стапалата. Етеричното масло од планински бор и ментолот имаат благ антисептичен ефект и ги заштитуваат стапалата од габични инфекции и непријатен мирис.

Вечерната хидратација се препорачува за сите, но особено е важна за сите што имаат сува и испукана кожа на стапалата. Алгасан балсамот за стапала со етерично масло од алгојски планински бор и сибирска смрека, ментол, алантоин и салицилна киселина е исклучително наменет за негување на сувата, тврда и испукана кожа. Алантоинот делува заштитно на кожата од дополнително исушување и стимулира регенерација на сувата кожа, а делува и превентивно на габичните и бактериски инфекции на стапалата.

Доколку се соочувате, пак, со проблем на екстремно сува и испукана кожа на петиците, се препорачува и дополнителен третман со Алгасан репаративниот крем за испукани пети.

  1. Масажа на стапалата

За време на вечерната хидратација се препорачува и кратка масажа на стапалата. Доколку немате време, ова не морат да го правите секој ден, но покрај тоа што масажата ќе ве релаксира по напорниот ден, таа е одлична за намалување на болката по интензивна физичка активност,