Ништо без "штица" | Натусана
Thu, 02/21/2019 - 10:00

Ништо без "штица"

Ништо без "plank" или "штица", а бидејќи има многу варијации на оваа вежба, денес ви претставуваме една од најтешките - two-point plank. Оваа вежба покрај стомачните мускули, го активира практично целото тело (раце, рамена, нозе, грб).

Почнете во класична plank позиција.

Поставете ја тежината на левата нога, подигнете ја десната нога и испружете ја левата рака пред вас. Останете во оваа позиција околу 10 секунди.

Спојте го десното колено со лактот на левата рака под телото, а потоа повторно испружете ги.

Повторете ја вежбата 5 пати, а потоа направете го истото од обратната страна (лева нога, десна рака); направете 3 вакви серии по 5 вежби од двете страни.