Никлас Холстен на ЕХО Фестивал (подмачкано од Алгасан)

ЕХО Фестивалот на планински филм, традиционално поддржан од Алгасан. Сите вљубеници во природата, планините и екстремните спортови ќе можат да уживаат во ова, досега најбогато со содржини, седмо издание на фестивалот. Програмата е супер: 50тина филмови (од кои три македонски) во три кино сали: Милениум, Фросина и џепното кино во МКЦ, две промоции на книги, многу гости, трибини, кул дизајн на маички... Со други зборови, настан што не се пропушта. :)
Еден од гостите на ЕХО е и најдобриот сноубордер во Финска, Никлас Холстен (1983).
И покрај неговите почетоци во фристајл и бордеркрос, денес тој се натпреварува само во фрирајд натпревари. Никлас е првиот Финец кој учествувал во квалификациите за Фрирајд ворлд тур, во 2010 и го освоил третото место. Истата година победил на скандинавскиот фрирајд шампионат. Во 2012 победил на Австрискиот фрирајд куп, а минатата година станува и шампион на Финска во фрирајд. Заедно со својата сопруга Нивес и хаските Лангоре и Шила, во последните години Никлас го формира тимот Холстен со кој патуваат низ светот во зимските месеци и избираат атрактивни линии за искачување и спуштање.
Минатата година беа и во Македонија, ги искачија врвовите Кораб и Кепи Бард, и заедно со Томе Котески и Методи Чилиманов спуштија прва линија по Кепи Бард.
Никлас на ЕХО ќе ни долови мал дел од неговиот живот на професионален сноубордер и авантурист, а ќе имаме можност и премиерно да го погледнеме филмот на тимот Холстен насловен After you, кој делумно е снимен во Македонија.
Презентацијата на Холстен на ЕХО е на 19ти октомври во 20:45 во киното Фросина. Целата програма на ЕХО можете да ја погледнете овде.
Натпревари:
Светска турнеа во Фрирајд – квалификации 2010: 3то место
Скандинавски шампионат во Фирајд 2010: 1-во место
Австриски фрирајд куп 2012: 1-во место
Фински фирајд шампионат 2016: 1-во место
Филмови:
Hisslös 2012
Pilke freeride movie 2013
TeamHollsten leaving tracks 2014
As it was 2015
Дел од фотографиите се преземени од блогот на Холстен