Грижа на коса | Натусана
Mon, 09/25/2023 - 12:00

Грижа на коса

Речиси сите сме ја слушнале познатата изрека дека косата е круна на убавината. Уште од античко време, косата се поврзува со убавината и привлечниот изглед, а исто така може да открие многу за вашиот животен стил и поглед на светот.

Несомнено, косата е еден од најубавите украси на секоја жена, без разлика дали е долга или кратка, права или виткана, природна или обоена. Поради оваа причина, заслужува посебно внимание и грижа за да изгледа здраво и убаво.

Негата на косата е одговорна задача, а различни типови на коса бараат различна нега. За да ѝ овозможите совршена нега, неопходно е точно да го знаете типот на вашата коса.

Пред сè, важно е да се знае дека типот на косата зависи од состојбата на скалпот и активноста на лојните жлезди. Ако вашиот скалп е масен, тогаш и косата ви е исто така масна, и обратно - со сув скалп, косата е исто така сува.

Како да се грижите за косата според состојбата на скалпот?

Според состојбата на скалпот, типовите на коса се : нормална, масна, сува и мешана.

Косата од нормален тип се чешла лесно и не бара посебно одржување. Има природен сјај, а по сушењето со фен е мека, мазна и пријатна на допир. Доволно е да ја одржувате со соодветен шампон, регенератор или маска.

Сувата коса е чувствителна на влијанието на временските услови, хемикалиите и козметиката. Поради намаленото лачење на себум, брзо го губи сјајот и еластичноста, почнува да се распаѓа, лесно се крши и цвета на врвовите.

Сувата коса треба да се хидрира со разни маски и да се потстрижува на секои 1-2 месеци за да се отстранат оштетените врвови.

Масната коса се карактеризира со специфичен масен сјај бидејќи скалпот лачи премногу себум, поради што набрзо по миењето изгледа валкано. Масната коса бара комплексна нега која вклучува посебна козметика, но и посебен начин на исхрана.

Мешаната коса вообичаено е масна во коренот, а сува на врвовите, кои честопати се оштетени и безживотни. Затоа е потребно да се потстрижува на секои 1-2 месеци. По миењето треба да се внимава да ја чешлате кога целосно ќе се исуши.

Како да се грижите за вашата коса според структурата на вашето влакно?

Според основната структура на влакното, косата може да биде тенка или густа, кадрава или права.

Веројатно знаете дека постојат различни комбинации. На пример, кадравата коса може да биде густа и непослушна или тенка. Правата коса може да биде густа или тенка. Во основа, сите понекогаш фантазираме дека нашата коса е поинаква од онаа што ја имаме. Затоа започнуваме да ја третираме со топлина и разни хемиски средства, што може да доведе до голем проблем - опаѓање на косата.

Дали знаевте дека наместо инвазивни третмани, доволно е секој ден да применувате правилна нега на косата за таа повторно да блесне? Се разбира, секој тип на коса бара различна нега, а ние ви нудиме неколку основни совети подолу.

Кадравата коса честопати е непослушна и склона кон кршење. Полесно се истенчува и се суши отколку рамната, поради што ѝ е потребна поголема хидратација, која лесно може да се обезбеди со помош на маски и регенератори. Избегнувајте премногу честа употреба на фен или пегла за коса.

Правата коса е полесна за одржување од кадравата, што не значи дека не ѝ е потребна одредена нега. Станува масна многу побрзо од кадравата коса и може многу брзо да го изгуби волуменот. За да го избегнете ова, најдобро е да користите специјални шампони за чистење на скалпот и да внимавате на внесот на масна храна. А за да го задржите волуменот, еве мал трик: измијте ја косата навечер, правете мали плетенки и уживајте во убава коса наутро.

Густата коса вообичаено е здрава коса за која сонува секоја жена. Но, потребна ѝ е специфична нега поради непослушноста, густината и волуменот, кој најчесто е дури и премногу изразен.  Затоа одредени тренди-фризури се едноставно невозможна мисија за овој тип коса. Ако вашата коса е премногу густа и тешка, можете да ја ишишате степенесто, што ќе ја намали нејзината тежина и волумен.

Тенката коса има помалку кератин (протеинот што ја сочинува косата) од другите типови на коса. Затоа тука се појавува голем проблем - недостатокот на волумен. Покрај тоа, лесно се заплеткува и се крши, фризурата често не ја задржува формата, а ако ја оставите косата слободно да паѓа, таа често ќе изгледа безживотно и ќе се прилепува за темето. За тенката коса се препорачува одржување на средна должина и употреба на шампони кои се специјално дизајнирани за зајакнување на косата.

Како да го спречите опаѓањето на косата и да го стимулирате нејзиниот раст?

Според научниците, луѓето губат околу 100 влакна секој ден, а понекогаш и многу повеќе, вообичаено за време на промената на годишните времиња, што е сосема нормално за секој организам. Но, кога опаѓањето на косата е често и во големи количини, не само за време на промената на годишните времиња, има потреба од соодветна нега.

Кај повеќето жени, причините за зголемено опаѓање на косата може да бидат недостаток на одредени витамини, како резултат на бременост или менопауза, земање антидепресиви или контрацептивни таблети или лекови за висок крвен притисок, нарушувања на тироидната жлезда, стрес и нервоза, неправилна исхрана и слично.

Научно докажано решение кое ќе спречи дифузно опаѓање на косата и ќе го стимулира нејзиниот раст е редовната употреба на шампонот и тоникот Парусан.

Шампонот Перусан и енергетскиот тоник содржат БИОТИН (биотин или Б7), кој го поттикнува создавањето на кератин,  протеинот што ги сочинува косата и ноктите. Дополнително, поради своите специјални екстракти и витамин Е, ќе ја стимулира микроциркулацијата во фоликулите на косата, ќе ѝ даде здрав сјај на косата, ќе ја заштити од штетното УВ-зрачење, ќе го подобри внесот на хранливи материи и со тоа ќе ја зајакне косата. Студиите го докажаа нивниот успех во запирање на опаѓањето и забрзување на растот на косата.

Среќни сме што со помош на овие производи можеме да ви помогнеме да постигнете убава и негувана коса.

Иако трендовите во стајлингот се променливи, здравјето на косата е секогаш на врвот на модната листа.