Дали можеме да настинеме како резултат на големи температурни промени? | Натусана
Thu, 05/18/2023 - 13:50

Дали можеме да настинеме како резултат на големи температурни промени?

Сè почесто сме сведоци на драстични температурни промени - нагло преминување од екстремно топло во екстремно студено време и обратно. Ваквите драматични временски промени не нè разболуваат, но можат да влијаат на нашето здравје.

Ова „јо-јо“ или „ролеркостер“ време може да влијае негативно за здравјето на луѓето. Според д-р Џон Вајт, главен медицински директор за WebMD, драстичните температурни промени може да предизвикаат симптоми како што се главоболка, треска, чувство на поголем замор од вообичаеното, течење на носот и насолзени очи.

Причината зошто се чувствуваме вака е фактот што телото ги перципира наглите промени на температурата како стрес, а тоа може да влијае на начинот на кој организмот се бори против инфекции.

Така, и покрај фактот што настинката може да настане само како последица на изложеност на бактерии или вируси, температурниот стрес негативно влијае на нашето физичко здравје. Иако овие промени сами по себе не можат директно да нè разболат, тие можат да направат да се чувствуваме уморни.

Што всушност е најголемиот проблем при драстичните промени на времето?

Нашето тело ја толкува значајната промена на времето како стрес, а кога нашето тело е под стрес, имунолошкиот систем ни е ослабен. Ова значи дека нашата способност да се бориме против инфекции е загрозена. Во исто време, големата флуктуација на температурата и влажноста може да создаде совршена средина за ширење инфекции.

Како да се заштитиме од негативното влијание на температурните промени

Иако не можеме секогаш да избегнеме замор, инфекции на горните дишни патишта и алергии, постојат чекори што можеме да ги преземеме за да го зајакнеме имунолошкиот систем и да се заштитиме од некои од предизвиците што ги носи големата промена на временските услови.

Физичка активност

Редовното вежбање може да го зајакне вашиот имунолошки систем, што му помага на вашето тело да се бори со вирусните инфекции.

Добар сон

Воспоставувањето навика за мирен сон секоја вечер може значително да го зајакне вашиот имунолошки систем.

Доволно течности

Доволната хидратација игра клучна улога во одржувањето на нашето здравје и правилното функционирање на организмот.

Балансирана исхрана

Ова значи консумирање на широк спектар хранливи материи и витамини. Храната богата со витамин Ц, витамин Б12 и цинк помага за зајакнување на имунитетот.

Што кога сепак се бориме со настинка?

Значителната промена на времето нè прави поранливи и поради пад на имунитетот може да бидеме подложни на настинки. Во зимските месеци честопати ни се случува инфекцијата на дишните патишта да ни се повтори. Во случај на повторливи инфекции на дишните патишта побарајте го Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц на Д-р Тајс.

Покрај добро познатото дејство на екстрактот од тегавец, Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и во нормална функција на имуниот систем.

Сирупот дополнително содржи и Витамин Ц, кој придонесува за нормална функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.