Загревачки регенеративен крем за подобрување на подвижноста на зглобовите и намалување на мускулната вкочанетост. Ја подобрува подвижност и поволно влијае на ублажување на болките. Кремот е наменет за сите оние што страдаат од хронични неспецифични болки во зглобовите и мускулите.
Содржи оригинално етерично масло од алгојски планински бор, екстракт од чили пиперче, рицинус, рузмарин, јојоба, сончоглед, екстракт од гавез, арника и камфор. Има богата хранлива крем подлога на база на масло од јојоба, глицерин, масло од сончоглед (природен извор на витамин Е) и рицинусово масло, со додаток на пантенол (провитамин Б5), витамин Е и алантоин.
– екстракт од гавез за интензивна стимулација на регенерација и репарација на меките сврзни ткива, кожата, зглобовите и коските.
– поволно влијае на ублажување на болките и ја потпомага циркулацијата благодарение на благотворните состојки како етеричното масло од алгојски планински бор, камфор и рузмарин
– интензивно загрева по пат на стимулација на терморецепторите на кожата со екстрактот од чили пиперче (капсаицин) што доведува до зголемена прокрвеност на кожата
Не содржи ментол.
Пакување: Tуба x 50 ml.