Allga San
Вкочанетост? Мускулно воспаление? Болка во зглобовите и грбот?
Allga San – природна нега и благотворна помош на база на чисто етерично масло од планински бор!
Длабоко продира. Природно ослободува. Без штетни последици по Вашето здравје!
Ефикасна помош против болка во зглобовите и мускулите
Болката во зглобовите и мускулите е една од најчестите болки, од која, според Светската Здравствена Организација, повремено или постојано страдаат 8 до 10 возрасни лица. Главни причини се ревматски, дегенеративни заболувања и останати воспаленија на мускуло – скелетниот систем, спортски повреди, намалена физичка активност и стрес.
Хроничната болка кај третината од нив е поврзана со неповратни нарушувања (телесни деформитети, ограничени и болни движења, депресивни состојби). Од таму и неверојатната годишна бројка од 70 милиони препишани и 36 билиони непрепишани лекови против болка (аналгетици) меѓу кои и нестероидните антиинфламаторни лекови. Од нив потекнуваат 30% од случаите на воспаленија на слузницата и крварења (чирови) во системот за варење, кои, покрај кожните иритации и бубрежните оштетувања се само дел од штетните дејства на овие лекови. Токму затоа потрагата по природно ефикасно и нештетно средство за отстранување на болката од мускулите и зглобовите е секогаш оправдана.
Alga San локално ја поттикнува циркулацијата на кожата и мускулите, го намалува воспалението и со тоа ослободува од болка. Брзо се впива, не масти и не ја суши кожата. Освежува и релаксира.
Природен стимуланс на локалната циркулација, делотворен против воспаленија и болка.
Allga San – традиционални хербални состојки со вековно позната функција отелотворени во производи со докажан и стандардизиран германски фитофармацевтски квалитет
Етеричното масло од алгојскиот планински бор се користи од памтивек во Германија. Dr. Theiss Naturwaren го поседува единствениот сертификат за фармацевтска употреба на етеричното масло, со оглед на неговиот исклучителен состав и начин на екстракција од 12-годишните стебла одгледувани во органски услови (без употреба на хемиски и вештачки средства). Од преку 60 активни состојки на маслото се издвојува највисокиот познат удел на делта 3 каренот како поттикнувач на циркулацијата и противвоспалителното дејство, и алфа и бета пинените како природни аналгетици. Други дејства: aнтимикробно (противбактериско и противгабично), спазмолитично (ослободува од вкочанетост).
Arnica Montana – Има силно антифлогистичко, аналгетско и антимикробно дејство. Ја користиме кај сите повреди на меките ткива, истегнувања, повреди, контузии, крвни подливи, удари, едеми кај фрактури, воспаленија на мускулите, спортски повреди… Ова прекрасно растение слободно можеме да го наречеме растение за прва помош при фитотерапија. Најделотворен препарат е Арника гелот кој се користи само надворешно, за различни пост-трауматски состојби, повреди, контузии како и ревматски заболувања.
Ментолот содржи локален анестетик и има антииритантни својства
Камфорот е локален аналгетик.