За Нас

Натусана
здрава навика

Natusana

Приказната за Dr. Theiss

Во средината на седумдесеттите години кај луѓето се зголеми свесноста за корисноста и благотворното дејство на медицинските препарати со природни лековити состојки, а со свесноста се зголеми и побарувачката за нив.

Фармацевтот од Хомбург, Германија, Др. Петер Тајс (Peter Theiss) активно започна да го следи овој нов тренд откако во 1976 година презеде една локална аптека која му беше оставена во наследство (наречена Markt-Apotheke). Тој започна со производство на природни медицински препарати и само по две години, заедно со својата жена Барбара, основаше сопствена компанија – Dr. Theiss Naturwaren.

Настаните кои следеа се пример за една вистински успешна приказна. Во 1984 година тие отворија уште една фабрика, изградена според стандарди кои се сосема во согласност со филозофијата на компанијата – еколошки, биолошки и погодни за животната средина.

Зголемената побарувачка за природни медицински препарати, препарати за нега на телото и додатоци на исхраната на германскиот пазар, дозволи и зголемување на опсегот на производи на Dr. Theiss, како и воведување на нови брендови. Во втората половина од осумдесеттите години компанијата започна и со извоз на овие производи низ целиот свет, особено во САД, Австралија, Нов Зеланд, Италија, Белгија и Франција.

Визија

Нашата визија е да прераснеме во најуспешен регионален партнер на водечката светска фармацевтска компанија Dr. Theiss Naturwaren, компанија која пласирајќи врвен фармацевтски квалитет на македонскиот пазар ќе го подобрува здравјето и квалитетот на животот на луѓето.

Натусана Македонија

Натусана Македонија на македонскиот пазар работи веќе 11 години, како партнер на Dr. Theiss Naturwaren, како еден од најпознатите светски производители на ОТЦ лекови и фармацевтски козметички препарати за нега на лице и тело, сите со врвен квалитет и направени од внимателно одбрани природни состојки.

Натусана работи по највисоки стандарди, дистрибуирајќи ги на македонскиот пазар производите на Dr. Theiss, кои покрај ОТЦ лековите и препаратите на матичниот бренд Dr. Theiss Naturwaren, ги опфаќаат и производите за нега на кожата на Medipharma cosmetics на база на маслиново масло, брендот Allgäuer Latschenkiefer со палета на производи од природно масло од алгојскиот бор наменети за мускулни болки и вкочанетост, како и далеку познатите пасти за заби Lacalut за орална и дентална хигиена.

Нашата филозофија е да ги приближиме до македонските потрошувачи висококвалитетните производи кои содржат природни состојки – во хармонија со природните процеси кои ја регулираат работата на човечкото тело.

Здравјето е највредниот подарок, а градењето здрави навики – наша примарна цел!

Мисија

Нашата мисија е висококвалитетните производи со строго селектирани природни состојки да ги приближиме до македонскиот пазар и да инсистираме на континуирано едуцирање и креирање на здрави навики кај нашите потрошувачи, ставајќи го на прво место нивното здравје, благосостојба и задоволство.