Превомит

Превомит Кидс лижавчиња

Превомит Кидс лижавчиња
Додаток на исхрана

Ѓумбирот (Zingiber officinalis) е антиеметичен хербален лек. Исто така ѓумбирот е растение што се наоѓа на листата на дозволени растителни суровини за додатоци на исхрана. Традиционално се употребува во подобрување на бременост-индуцирано гадење и повраќање, постоперативно гадење и повраќање и со движење индуцирано гадење и повраќање. Во ниту една клиничка студија нема докажани несакани ефекти. Но поради отсуство на доволно убедливи доказизи за безбедност, како мерка на претпазливост се препорачува избегнување на употребата во бременост и периодот на лактација.
Терапевтските дози ѓумбир се движат од 1-2 g спрашен ризом/ден. Во производот Превомит Кидс три лижавчиња (максималната дневна доза) содржат 3 x 30 mg = 90 mg сув екстракт од ѓумбир. Со оглед дека производот е наменет за деца, максималното препорачано внесување на производот е прифатливо за производите од групата додатоци на исхрана за наведената популациска група.

Превомит Кидс содржи ѓумбир кој придонесува за олеснување на адаптацијата на организмот при патување со авион, брод, автомобил (при нагло тргнување и запирање, на кривини).

Состав: шеќер; гликозен сируп; вода; регулатор на киселост: лимонска киселина; сув екстракт од корен на ѓумбир (Zingiber officinalis), исушен сок од малина; природна арома на лимон; средство за боење: антоцијанин Е 100 (куркумин).
1 лижавче содржи 30 mg ѓумбир
Содржи шеќер, не е соодветен за употреба кај дијабетичари!

Начин на употреба: 1-3 лижавчиња на ден. Децата треба да ги употребуваат лижавчињата само под надзор на возрасен! Да не се надминуваат препорачаната дневна доза. Не се препорачува употреба за деца над 3 години!

Пакување: 6 лижавчиња
Нето количина: 60 g ℮

Ве молиме да се придржувате до препорачаните дневни дози. Додатокот на исхрана не е надоместок или замена за избалансирана исхрана и здрав начин на живот.