Ултимативен фит предизвик 2016

Предизвикај се, надмини ги своите граници!

Алгасан и Бут Камп Бубало

СПОРТСКИ ЦЕНТАР ФОРЦА
јуни 2016

БИДИ ДЕЛ ОД УЛТИМАТИВНИОТ ФИТ ПРЕДИЗВИК!
Предизвикај и биди предизвикан! Докажи дека си во форма, докажи дека си најдобар!

ОДГОВОРИ НА ПРЕДИЗВИКОТ! НАТПРЕВАРУВАЈ СЕ, ПОБЕДИ И ОСВОЈ НАГРАДА!

 

  • Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим
  • Викенд на планина за победничкиот тим на предизвикот: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок и вечера
  • Вредносен ваучер за спортска опрема
  • СПА-релаксација за третопласираниот тим

Што треба да направиш за да се пријавиш? Ова е лесно!

  1. Креирај тим од двајца, (може и од ист пол)
  2. Дај му име на тимот. Што поопасно , тоа подобро!
  3. Пријави го твојот тим најдоцна до 24.05.2016

И ШТО ПОСЛЕ? ПОСЛЕ Е ТЕШКО… И ЈАКО… И НАЈДОБРО!
Секој вторник од 31ви мај до крајот на јуни точно во 17:30 часот во Спортски центар Форца твојот тим ќе биде дел од најголемиот фит предизвик досега.
100 минути предизвик,100 минути најјаки вежби,со кој друг ако не АЛГАСАН и Bootcamp БУБАЛО!
И уште нешто: во предизвикот можат да учествуваат најмногу 40 тимови, затоа побрзај и пријави се преку формуларот подолу на странава.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

  • Секој тим треба да биде составен од 2 члена
  • Членовите може да бидат од ист или различен пол
  • Секој тим треба да има капитен/водач
  • Секој тим треба да има име под кое ќе се води до крај на турнирот
  • Во предизвикот можат да учествуваат најмногу 40 тимови
  • Пријавувањето е бесплатно

БОДУВАЊЕ:

  • Секоја вежба носи одреден број на бодови
  • Се доделува по еден бод за редовност на тимот
  • Се доделува еден бод за тимот на денот

ПРИЈАВИ СЕ

 

Ултимативен Фит Предизвик 2015