ПАТОТ ДО ЗДРАВИ ЗАБИ

Секој ден четкај и со здрави заби светкај, заедно со Лакалут.

Четко Четковски на неговата фан страна ќе ве известува каде и кога ќе се забавувате со него, како и каде можете да ја добиете неговата боенка Патот до здрави заби.

Станете и вие дел од дружината на Четко!

Приказната за Патот до здравите заби

Четко Четковски е зајче кое има здрави и бели заби. Со себе секогаш си ја носи својата Lacalut четка за заби и редовно си ги мие запчињата со Lacalut пастата за заби.

За да има здрави и бели запчиња, секое утро кога ќе стане од спиење, зајчето Четко прво го мие своето лице, па потоа и своите запчиња. Во текот на денот, по секој оброк, Четко повторно ги мие своите запчиња. Кога Четко се спрема за спиење, никогаш не заборава да ги измие запчињата уште еднаш пред да си легне. Затоа, зајчето Четко има бели и здрави запчиња со кои може силно да грицка јаболчиња и морковчиња.

Mинатата година заедно со Четко ја доживеавме големата авантура по „Патот до здрави заби“, исполнета со игра, едукација, забава и смеа. „Патот до здрави заби“ го започнавме со играта „Кула“ преку која научивме дека здравата насмевка се гради внимателно и стрпливо, а ако не внимаваме, кулата ќе ни се сруши и запчињата ќе ни се расипат. После кулата, игравме „Пикадо“, игра преку која погодувавме кои производи се корисни, а кои штетни за запчињата. Во третата игра, Четко го провери знаењето на другарчињата поставувајќи интересни прашања во „Квизот“, а веќе во наредниот дел од авантурата игравме „Куглање“ и со помош на детската паста Lacalut, ги рушевме лошите бактерии кои ги расипуваат запчињата. Потоа го прославивме и роденденот на Четко, кој на подарок доби огромна „Сложувалка“ со неговиот лик и ги повика на помош другарчињата да му помогнат и заедно да ја состават. На крај, ја заокруживме прекрасната авантура со слика од насмевката која ни ја подари Четко.

Оваа година, започнуваме со нова авантура која повторно ќе нè однесе на „Патот до здрави заби“, овој пат со нови игри и забавни активности што ќе ни изнудат насмевка, како и многу корисни совети што ќе нè научат како таа насмевка да остане здрава и убава.

Во првата игра, заедно ќе редиме „Домино“ и ќе учиме кои работи се корисни за нашите запчиња, односно кои намирници и навики ќе ни помогнат да имаме секогаш здрава и убава насмевка.

Здравите совети ќе ни помогнат доколку создадеме навика да ги практикуваме редовно, по неколку пати дневно. Затоа, тука е втората игра, во која преку составување на сложувалката „Часовник“, ќе научиме кога, колку често и во кои периоди од денот треба да ги миеме запчињата – наутро, пред легнување и после секој оброк.

Следната игра што ќе ја играме со Четко ќе нè активира физчики, ќе нè размрда и развесели. Подгответе се за играње „Голф“ со Четко и останатите другарчиња. Но, овој е посебен вид голф – едукативен голф во кој секое топче ќе ни укаже кои продукти, овошје и зеленчук се добри за нашите запчиња и кои ќе ни помогнат да имаме здрава насмевка, како и помалку посети на стоматологот.

По „Патот до здрави заби“, ќе наидеме и на предизвик каде ќе треба да научиме колку се лоши бактериите и како да ги победиме за да не им наштетат на нашите запчиња. За таа цел, ќе ја изиграме играта „Црно/бело“ каде ќе треба да ги одделиме црните топчиња од белите, исто како што ги одделуваме бактериите и остатоците од храната од нашите запчиња со помош на четкичката и Lacalut детската паста за заби. Така ќе научиме темелно да ги чистиме нашите заби, за да ни бидат чисти, бели, светкави и здрави, а воедно и да ги заштитиме од кариес.

Петтата е најомилената детска игра со генерации, а посебно му е омилена на Четко – „Плочка“! Ќе фрламе плочка, ќе скокаме и потскокнуваме, истовремено слушајќи ги најважните совети за одржување на хигиена на запчињата, впишани во секое поле. Четко ќе биде тука повторно да ни укаже колку време треба да ги четкаме нашите запчиња, како да ја користиме четката, колку пати годишно да посетиме стоматолог, за да имаме убави и бели запчиња, исто како неговите.

На крајот од големата авантура, откако ќе го изодиме „Патот до здрави заби“ и ќе научиме како да ги миеме запчињата, што да јадеме и како да ги одржуваме запчињата здрави, веќе треба да имаме здрава и бела насмевка. „Патот до здрави заби“ ќе го заокружиме така што ќе му покажеме на Четко колку редовно сме се грижеле за своите запчиња, односно ќе се фотографираме покажувајќи ја нашата блескаво бела и здрава насмевка.
За сите оние кои ќе се движат со нас по Патот до здравите заби, следуваат подароци!