ПАРУСАН – Нова линија од Dr.Theiss против опаѓање и стимулација на раст на косата кај жени

Парусан – сојузник на твојата коса

Кај жените вообичаено настапува дифузна алопеција, со рамномерно губење и проретчување на косата на целата површина од скалпот.

Причините за алопеција кај жените се најчесто :
– хормонален дисбаланс во и после бременост,
– хормонален дисбаланс во менопауза,
– употреба на одредени лекови (антидепресиви, контрацептиви, антихипертензиви),
– одредени патолошки состојби со раст на андрогени хормони (полицистични јајници , нарушена функција на тиреоидната жлезда итн.),
– стрес,
– агресивни третмани за коса, фарбање и сл.

Парусан линијата ( Парусан стимулирачки шампон и Парусан енергетски тоник) делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.

Парусан призводите содржат високовредни компоненти:
– АКТИВНА супстанца (AnaGain™) – (Advanced Ingredient Award 2014 –Beyont Beauty Lab- Paris) базирана на екстракт од никулци од грашок, која ја продолжува фазата на раст за сметка на фазата на одмор
– Растителни екстракти од пченица, хмељ, цвет од камилица , невен, босилек
– PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло – поттикнува циркулација во фоликулите на влакното и го забрзува растот на косата
– L-Аргинин – стимулира микроциркулација и подобар трансфер на хранливите материи во фоликулите
– Биотин ( витамин Б7) – поттикнува создавање на кератин
– Витамин Е – антиоксиданс кој ја штити кожата на главата од штетните ефекти на УВ зрачење, ја подобрува циркулацијата и на косата и дава сјај
– Пантенол ( витамин Б5 )
Парусан стимулирачки шампон -Начин на употреба : се нанесува на влажна коса, нежно се масира со врвовите на прстите и се остава да делува 2-3 минути, а потоа се измива со вода.
Парусан енергетски тоник – Начин на употреба : на измиена и сеуште влажна коса се нанесува и со кружни движења се масира кожата на скалпот . Се остава да делува, без измивање.
За секојдневна употреба. Првите резултати се видливи после 3 месеци редовна употреба на Парусан линијата.