Што е пародонтопатија

Што е пародонтопатија

Пародонтопатија – општи податоци

Пародонтопатијата е болест на потпорниот апарат на забите, односно на гингивата и коскениот систем во околината на забите, која ги има следните карактеристики: се развива полека, најчесто со незабележливи знаци за пациентот, па тој најчесто не е ни свесен дека ја има бидејќи има отсуство на болка, што обично е една од основните мотивации да се обратиме на стоматолог. Значи, болеста се развива со минимални симптоми, а најважно е да се запомни дека оваа болест е последица на лоша или неправилна орална хигиена!

Причина за иритација на гингивата се токсичните продукти што се создаваат во забните наслаги кои се населени со бактерии, попознати како забен плак. Забниот плак инаку е тешко видлив и неговото постоење може да ни го воочи стоматологот, исто како што може да ни го воочи и постоењето на пародонтопатијата. Забниот плак полека преоѓа во забен камен кој дополнително ја иритира веќе воспалената гингива.

Првите знаци на пародонтопатија се воспаление на гингивата (т.н. гингивитис)  кое можеме да го забележиме по благото црвенило на гингивата , наместо вообичаената бледорозова боја. Воспалението на гингивата е проследено со лесен оток и спонтано крварење кое се јавува при четкањето на забите. Доколку не се спроведе навремен и правилен третман, болеста и понатаму се развива. Во следните фази доаѓа до повлекување на гингивата, до соголување на забните вратови и зголемување на преосетливоста на забите на надворешни дразби и четкање. Секако, најнепосакуваниот исход од нетретирана пародонтопатија е расклатување и опаѓање на забите!

Во светски рамки, пародонтопатијата е еднакво одговорна за губењето на забите како и кариесот, што е значајно за актуелизација на оваа болест, а и за крајната перцепција од страна на пациентот, дека ова сепак е долготрајна и опасна болест која најмногу зависи од правилната хигиена на усната празнина, а од која може да се изгубат забите!!!

Можеме против тоа со – правилна хигиена, стоматолошки преглед и чистење на забен камен на секои 6 месеци, употреба на LACALUT Аktiv паста, раствор и четка.