Секојдневна нега

Секојдневна нега

Здравјето започнува од устата

За устата и забите да бидат здрави, потребна е секојдневна правилна хигиена, здрава исхрана и редовна контрола кај стоматолог. На секои шест месеци би требало да направите превентивен контролен преглед во стоматолошка ординација. Само на тој начин можат навремено да се откријат или спречат не само најчестите заболувања на забите, кариесот и пародонтопатијата, туку и многу посериозните заболувања.

Со оралната хигиена се отстранува забниот плак. Забниот плак е најголем непријател на оралното здравје. Се создава од меки наслаги на живи и неживи микроорганизми во матрикс богат со полисахариди и гликопротеини. Тој е производ на размножувањето на микроорганизмите и нивниот метаболизам. Пообилен е доколку се консумира кашеста, мека и леплива храна богата со јаглени хидрати. Тврдата и свежа храна го намалува создавањето и таложењето на плакот.

Што подразбира правилна орална хигиена?

  • редовно миење на забите, по можност по секој оброк, а најмалку два пати дневно по три минути.
  • правилна техника на четкање на забите,
  • соодветен избор на паста и четка за заби.

При изборот на паста за заби е важно да се употребува паста која покрај хигиенското дејство, во својот состав содржи и активни компоненти со целно насочено превентивно и терапевтско дејство. Стоматолозите препорачуваат забни пасти и препарати што содржат флуор и антибактериски супстанци, кои ги штитат забите и гингивата од развојот и делувањето на штетните бактерии. Прашајте го Вашиот стоматолог околу изборот на соодветна паста за заби!

При изборот на четка за заби, важна е тврдоста на влакната. Влакната на четкичката не смеат да бидат премногу тврди, за да не го оштетат емајлот на забот. Одберете четка со средно цврсти (медиум) или меки (софт) влакна, кои покрај отстранување на забниот плак, ќе вршат и нежна масажа на гингивата, со што ќе ја поттикнат циркулацијата и ќе допринесат за здрави непца.

Правилната орална хигиена не завршува со четкањето на забите. Таа подразбира и употреба на раствори  за плакнење на устата, како и хигиена на јазикот и меѓузабните простори.

Растворите за плакнење се помошни средства за хигиена и нега на усната празнина, збогатени со флуор и антибактериски компоненти, кои делуваат дури и во оние делови недостапни за четкичката за заби. Употребувајте ги по секое четкање!

Бидејќи јазикот е место каде се собираат голем број микроорганизми – предизвикувачи на непријатен мирис во устата, неопходно е секојдневно да се чисти со мека четка или специјален чистач за јазик.

За чистење на просторот помеѓу забите би требало да се употребуваат забен конец и интердентални четкички.

Делување на флуорот во пастите за заби

Оралното здравје е резултат на интеракцијата на повеќе фактори. За неговото зачувување не се доволни само умерената исхрана со намален внес на шеќери, редовните прегледи кај стоматологот и четкањето на забите, туку е потребно воведување на препарати со флуор со кои се штитат забите од кариес.

Кариесот ги зафаќа сите возрасти и е присутен и во развиените и во неразвиените делови од светот. Вообичаено најпрво настанува на површините за џвакање. Најдобриот начин за профилакса на кариесот е постојаната изложеност на мали количества флуор, на пример во пастите за заби кои содржат флуор. Широката распространетост на флуорот во голема мера ја редуцираше појавата на кариесот. Кога препаратите со флуор се употребуваат на вистинскиот начин, тие сигурно и делотворно го спречуваат кариесот.

Драгоценото дејство на флуорот е употребено во сите Lacalut производи, во оптимална концентрација која ќе ги задоволи Вашите потреби.

За нега на детските заби препорачуваме специјални детски пасти кои содржат оптимална концентрација на флуориди, прилагодена на возраста на детето односно на млечните или трајните заби.

ЗНАЕТЕ ЛИ… дека клиничките истражувања докажаа дека четкањето на забите со паста со флуор два пати дневно го намалува ризикот од кариес во споредба со четкањето само еднаш дневно. Користењето пасти со флуор пред спиење е исклучиво важно бидејќи во текот на ноќта се излачува помалку плунка, а токму плунката е еден од битните фактори кои ги штитат забите од кариес.

Хигиена на забите со LACALUT Aktiv пастата за заби

Што е специфично за LACALUT Aktiv пастата за заби и благодарение на кои важни состојки се должи нејзиното посебно дејство?

LACALUT Aktiv е специјална медицинска паста за заби која, благодарение на нејзината единствена комбинација на 6 активни состојки го спречува развојот на пародонтопатијата и долготрајно штити од кариес. Со навремена и правилна примена, оваа комбинација на активни состојки го спречува крварењето, ја зацврстува гингивата и го спречува нејзиното повлекување, а со тоа и развојот на пародонтопатијата.

1. активна компонента: Алуминиум лактат – моќна активна компонента чие дејството се чувствува веднаш – со стегање на гингивата и сопирање на крварењето (адстрингентно дејство). Веднаш по употребата на LACALUT Aktiv пастата за заби, крварењето на Вашите непца сопира, а Вие веднаш ќе го почувствувате ефектот на цврсти непца.

Освен адстрингентното дејство, LACALUT Aktiv го превенира создавањето на кариес со тоа што помага во разложување на забниот плак, а со тоа и на воспаление на гингивата.

Таа содржи 2. активна компонента алуминиум флуорид, неорганско соединение на флуорот кое влијае на реминерализацијата и заштитата од кариес, а во комбинација со 3. активна компонента алуминиум хидроксидот и алуминиум лактатот прави навистина делотворна комбинација (3 во 1) која нуди ефикасна заштита од кариесот, многу повеќе одошто алуминиум флуоридот сам по себе. Тоа е единствена комбинација која ја има само LACALUT Aktiv, чија делотворност е клинички докажана.

Покрај ова, LACALUT Aktiv го содржи и таканаречениот златен стандард меѓу антисептиците – 4. активна компонента хлорхексин диглуконат кој влијае на разложување на постојниот забен плак како и во превенција при создавање на нов, а освен тоа има депо-ефект кој му овозможува подолготрајно дејство. Посебно е ефикасен кај Streptococcus mutans, бактеријата која е главен причинител за кариес и пародонтопатија, како и други штетни вируси (херпес) и фунги. 5 и 6.активна компонента – Бисабололот и алантоинот делуваат противвоспалително и смирувачки.