Lacalut sensitive, раствор за нега на усната празнина

Lacalut sensitive, раствор за нега на усната празнина

Чувствителните заби  бараат посебна нега. Дополнете го дејството на Lacalut sensitive или Lacalut extra sensitive пастата со Lacalut sensitive, раствор . За секојдневна заштита на осетливите заби од кариес.

Двојно протективно дејство за активно намалување на болната пречувствителност на забите, благодарение на одличниот состав со 2 вида флуориди-органски и неоргански (олафлур и натриум флуорид), формирајќи заштитен слој на забните површини и брза репарација на оштетената глеѓ, правејќи ја цврста и отпорна на киселини.

Содржи хлорхексидин диглуконат со продолжено антибактериско дејство, и алуминиум лактат за зацврстување и добра кондиција на гингивата.

Начин на употреба – Секојдневно пред или после четкањето, усната празнина и забите се плакнат со 10 ml неразреден раствор. По 30 секунди, содржината се плука, и не се плакне со вода. Случајното голтање е безопасно. По употребата шишенцето добро да се затвори. Содржина на флуор 250 ppm.

Пакување: 300 ml