Lacalut flora раствор за плакнење на усната празнина и забите наменет за заштита од непријатниот мирис во устата и заштита од кариес благодарение на докажани активни компоненти кои ги неутрализираат сулфурните соединенија (цинк глуконат) и делуваат антибактериски (масло од еукалиптус), со што го елиминираат непријатниот мирис во устата и даваат долготрајна свежина (лимонен, ментол), како и натриум флуорид за заштита од кариес и пародонтопатија.
Се препорачува кај лица со протетски и ортодонтски помагала.
Употреба: Наменет е за секојдневна употреба, нерастворен. Устата се плакне со 10ml раствор во времетраење од 30 секунди. Потоа растворот се плука и не се плакне со вода.